НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров за Н1: Ќе биде тешко да се каже „не“ за нашата европска приказна

0
By Нова ТВ on May 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со нашата политика се трудиме да создадеме атмосфера за која ќе биде тешко да се каже „не“ за македонската европска приказна. Очекуваме Комисијата да ја подготви преговарачката рамка на почетокот на следниот месец, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за хрватски Н1 во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб.

„Мислам дека се она што го правиме дома се рефлектира во двата важни извештаи, еден од фондацијата „Бертелсман“ и „Нациите во транзиција“ од Фридом хаус. Во двата извештаја Северна Македонија е една од ретките земји кои оствариле голем напредок. Во однос на трендот. Останува уште многу работа, но трендот е зелен, што е многу позитивно. Ако продолжиме дома со така силна реформска приказна и мудра политика кон нашите соседи и државите членки, мислам дека ќе создадеме шанса за успех и почеток на преговори за членство и ќе ја имаме нашата прва меѓувладина конференција за време на германското претседателство со ЕУ“, нагласува Димитров.

Во однос на тоа дали новата методологија има повеќе смисла, Димитров, нагласува дека не се плаши, посочувајќи дека не сме се бореле толку да добиеме преговори за кога ќе почнеме да назадуваме со реформите.

„Воведена е реверзибилнност. Ако некоја држава назадува во битните прашања како што е демократијата, слободата на медиумите, владеење на правото, тогаш процесот оди наназад. Не се плашиме од тоа. Не се боревме толку долго да почнеме процес на преговори за да се движиме назад. Ќе го користиме процесот како алатка сериозно да загриземе и ја направиме нашата држава функционална, просперитетна европска демократија“, нагласува Димитров.

Прашан дали смета дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од Конференцијата за иднината на Европа, Димитров вели дека ако регионот навистина има сигурна европска иднина, како што велат европските лидери, тогаш е особено важно да се чуе и нашиот глас во создавањето на таа иднина. За тоа како скепсата на некои земји членки кон проширувањето и владеењето на правото во земјите од Западен Балкан влијае на јавното мислење во Северна Македонија, шефот на дипломатијата вели дека е особено важно ЕУ да биде доследна и директна кога се во прашање основните начела и вредности.

„Во нашата земја самиот поим Европа, а особено поимот Европска унија, асоцира на ред, нормалност, просперитет, правда и иднина. Така и тие асоцијации се есенцијално поврзани со наративот за Европската унија. ЕУ има два главни магнети и столбови – еден е заедничкиот пазар, а вториот е самата асоцијација на тие вредности. Затоа е особено важно за ЕУ да биде доследна и директна кога се во прашање овие основни начела и вредности“, нагласува Димитров во интервјуто за Н1.

ЕУ ЕУ- Западен Балкан Македонија Никола Димитров Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.