НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски на Самитот ЕУ-Западен Балкан: Подготвени сме за почеток на преговорите

0
By Нова ТВ on May 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија во последните три години сериозно реши да заврти нови страници во својата историја. Излеговме од длабока политичка криза и ги возобновивме демократските институции и владеењето на правото. Испорачавме конкретни и одржливи резултати во спроведувањето на ЕУ реформите и во добрососедските односи. Станавме 30. членка на НАТО и под ваше водство добивме одлука за почеток на пристапните преговори“, истакна премиерот Оливер Спасовски во обраќањето на пленарната сесија на видео-конференцијата на Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020.

Премиерот Спасовски, заедно со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваа во работата на Самитот во организација на Хрватска, како актуелен претседавач на Европската Унија, а поради пандемијата со ковид-19 беше организиран онлајн.

Во обраќањето, Спасовски истакна дека земјава е подготвени за следните чекори и, како што рече, „ќе работиме посветено со Комисијата и Советот на ЕУ за што поскоро да ја закажеме Првата меѓувладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес“.

„Северна Македонија ќе остане посветена на фундаменталните реформи и ќе продолжи да придонесува за европската безбедност. Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија се нашиот влог во европската иднина, при што ќе биде од исклучително значење да продолжиме да ги спроведуваме со добра волја од наша страна, но и од страна на засегнатите земји членки“, истакна Спасовски.
Лидерите на земјите членки на Европската Унија и лидерите за земјите од Западен Балкан на Самитот дискутираа за соработката за справување со ковид-19, за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и посветеноста на земјите од Западен Балкан на европските вредности и реформи.
Во контекст на пандемијата во изминатите месеци, Спасовски во обраќањето истакна дека заразата сите заедно нè соочи со суров избор меѓу животот и смртта на нашите граѓани и опстанокот на нашите економии.
„За момент може да здивнеме и да ги направиме првите биланси, но и да поразговараме за идните очекувања и заеднички чекори. Сакам да изразам искрена благодарност до нашите хрватски пријатели, лидерите на ЕУ институциите и лидерите на земјите членки на ЕУ за можноста да го одржиме овој самит макар и во видео-конференциска форма што стана наша секојдневна реалност. Овој загрепски самит е симболичен бидејќи точно пред 20 години, исто така, во Загреб беше одржан првиот од серијата самити на кои се отвори европската перспектива за земјите од регионот“, рече претседателот на Владата.

Новиот коронавирус предизвика пустош и нè соочи со несогледливи предизвици, додаде Спасовски, но донесе и нешто позитивно – јасно покажа дека европскиот континент има заедничка судбина. Начинот на справување со заразата, рече премиерот, покажа дека споделуваме иста административна култура и пракси, но го подвлече и високото ниво на социо-економска зависност меѓу ЕУ и економиите на ЗБ, како и помеѓу земјите во самиот регион.

Во оваа пригода Спасовски се заблагодари за, како што рече, видливо демонстрираната солидарност и помош од страна на ЕУ во форма на итна поддршка за здравствениот сектор, финансиски пакет за соочување со социоекономските последици, како и макро финансиската помош која ќе биде нивно важно надополнување.

„Високо го цениме и обезбедениот пристап без преседан до останатите ЕУ механизми и инструменти како и заедничките напори безбедно да ги вратиме нашите затекнати граѓани дома. Благодарни сме што на овој начин ЕУ ги третира нашите држави како да сме, речиси, дел од Унијата. Тоа ни дава чувство на сигурност дека заедно ќе се справиме со товарот на кризата. Ковид-19 вирусот несомнено ќе продолжи да ја тестира нашата одлучност и сега најважно е да ги фокусираме напорите за опоравување и надминување на економско социјалните последици кои се длабоки во сите наши земји“, рече македонскиот премиер.

За најавениот Економски и Инвестициски план за Западен Балкан од страна на Европската комисија кој се планира да биде објавен наесен, Спасовски истакна дека ќе биде од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетско поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот на Западен Балкан.

Во обраќањето тој издвои неколку проекти кои делумно веќе се спроведуваат или се планираат да се спроведат: Проекти за транспортно поврзување со нашите соседи и тоа во железничкиот сообраќај со Бугарија и Албанија и автопатниот сообраќај со Косово; Енергетскиот гасен интерконектор со Грција; Развој на дигиталната економија и на зелениот раст и Поттик на трговијата и туризмот во регионот на Западен Балкан.

Според Спасовски, ковид-19 заканата ги натера, како што рече, на поблиска соработка и земјите во регионот на Западен Балкан кои воспоставија т.н. „зелени коридори“ за непречено движење на примарните производи и следува нивно проширување и спојување со Европските коридори.

„Северна Македонија оваа година заедно со Бугарија претседава со Берлинскиот процес. Еден од нашите приоритети е продлабочување на инклузивната регионална економска интеграција и развивање заеднички регионален пазар врз основа на ЕУ законодавството и почитувајќи ги ЕУ заложбите кои ќе можат да го направат регионот поатрактивна инвестициска зона. Во таа насока, заедно со Регионалниот совет за соработка и Европската Комисија на Самитот во Софија наесен планираме да претставиме документ за натамошно развивање на регионалната економска интеграција, соопшти Спасовски.

Во име на Северна Македонија, додаде премиерот, би сакал да потврдам дека се придружуваме кон Загрепската декларација и би сакал да ја искористам можноста да се заблагодарам на Хрватското претседателство и на земјите членки што ја отворија вратата за редовен политички дијалог на највисоко ниво со Западен Балкан.

„На крајот би сакал да завршам со констатацијата дека сум длабоко уверен дека заеднички ќе ја надминеме оваа криза и брзо ќе ги опоравиме нашите економии бидејќи и покрај првичните тешкотии Европа покажа, ќе употребам еден типичен балкански збор, „жилавост“ во моментите кога беше најтешко и кога меѓусебното разбирање и дејствување беше најпотребно. Тоа ја прави Европската унија единствена и посебна и посакуван дом и за нашите граѓани. Како лидери на нашите земји и граѓани стоиме подготвени да ја зајакнеме нашата меѓусебна соработка за исполнување на условите за членство во ЕУ и да можеме што поскоро пред останатите во светот заеднички да се нарекуваме Европјани“, рече премиерот Спасовски во обраќањето на Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020.
ЕУ- Западен Балкан Македонија Оливер Спасовски преговори Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.