НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САС на МПЦ-ОА: Од почеток на пандемијата апелираме за почитување на препораките за заштита

0
By Нова ТВ on May 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) уште од почетокот на појавата на здравствената криза во нашата земја и во светот, се однесуваше конструктивно и во сите свои официјални соопштенија постојано апелираше до верниот народ за почитување и придржување кон препораките што водат кон сузбивање на пандемијата предизвикана од ковид 19, се вели во соопштението на Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА.

Ваквиот став од таму доаѓа по сликите што се проширија на социјалните мрежи за масовната ѓурѓовденска литија во Струга на која учествуваа голем број на граѓани. Владата за настанот закажа итна седница, а јавноста бара одговорност и казни за полицијците кои ја обезбедуваа поворката додека дел од свештените лица признаваат дека ситуацијата излегла од контрола оти, како што вечат, „не очекувале таква масовност“.

Од Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА велат дека во сиот изминат период, значаен од духовен аспект за православните христијани и за црковното живеење, вклучително и последните празнувања, верниот воцрковен народ, иако чувствувајќи ја насушната потреба од духовна храна, особено во вакви времиња, сепак остана послушен на апелите, сметајќи ги како акт на христијанска пожртвуваност и љубов.

„Во овој дух, МПЦ-ОА, уште еднаш истакнува дека ги почитува и се придржува, а во таа насока и го повикува верниот народ кон исполнување на официјалните мерки на Владата и здравствените власти за социјална дистанца и носење соодветни заштитни средства“, се вели во соопштението на Канцеларијата на САС на МПЦ-ОА.

„Пребивајќи во постојана увереност во милоста Божја и чекајќи спасение од Господа (Битие 49, 18), поучени од духовната историја и словото на светите отци, во овој период да ги удвоиме силите и севкупниот напор и кон духовните мерки, односно духовните средства во вакви и слични состојби, придржувајќи ги и применувајќи ги зададените профилактички мерки од страна на одговорните“, апелираат од МПЦ-ОА.

апел Коронавирус МПЦ Почитување препораки соопштение
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.