НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петров: Голем интерес на компаниите за мерката 14.500 денари по вработен, следува нов пакет мерки

0
By Нова ТВ on May 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од самата појава на корона вирусот во нашата земја, целите на Владата беа јасни. Да се помогне на што повеќе граѓани, да зачуваме што повеќе работни места, да ги поддржиме компаниите на нашите сограѓани, но и да ги поставиме темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата, се наведува во сооопштението на СДСМ потпишано од потпретседателот на партијата Коста Петров.

Заклучно со 7 мај, стои во дописот, од одобрените 631 апликација за „Ковид 1“ бескаматната линија од 4,7 милиони евра, се исплатени вкупно 2,2 милиони евра за 257 компании кои вработуваат 3.006 лица, односно 41 отсто од одобрените апликанти.

„Од првата група одобрени кредитни апликации што беше одобрена на 8 април, за 136 компании со 1.737 вработени, се исплатени 93 отсто од апликантите. Од втората група одобрени апликации што Владата ја одобри на седница на 14 април, за 118 компании со 1.116 вработени, се исплатени 89 отсто од компаниите. Третата група кредитни апликации што беше одобрена на 28 април, за 377 компании со 2.735 вработени, се исплатени 7 отсто од компаниите. Исплатата се прави редовно, секој работен ден, како што се завршуваат административните процедури, започнувајќи од 15 април кога се исплатија првите средства од оваа кредитна линија“, се потенцира во соопштението на владеачката партија.

За бескаматната кредитна линија „Ковид 2“ од осум милиони евра што беше отворена и за која пријавите сè уште се во тек, досега аплицирале над 2.400 компании. За финансиската поддршка од 14,500 денари по вработен, за која работодавачите можеа да аплицираат до 7 мај, за месец април се поднесени вкупно 23.861 барањa кои се однесуваат за 21.542 компании.

За оваа мерка, велат од СДСМ, аплицирале и 6.000 самостојни вршители на дејност или повеќе од 45 отсто од регистрираните, што покажува дека секоја трета компанија има аплицирано за финансиска помош до 14.500 денари за исплата на плата по вработен.

Од СДСМ нагласуваат дека Економскиот совет во моментот работи и на нов пакет мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.

„Веќе гледаме како некои индустрии се добри примери кои видоа можности и ги искористија во оваа криза. Текстилните компании направија брза адаптација, па така извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300 отсто поголем од април минатата година. Во април оваа година изнесува 390 милиони денари, за разлика од април лани кој беше 135 милиони денари. И во земјоделството имаме зголемен извоз на раноградинарски култури“, истакнуваат од СДСМ од каде во спрарувањето со корона-кризата ги посочуваат и проекциите од Светската Банка чии проценки, како што велат, се „дека Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот“.

компании Коронавирус Македонија мерки СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.