НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти: Да се види кои беа сценаристите и режисерите во „Диво насеље“

0
By Нова ТВ on May 17, 2020 ВЕСТИ
Фото: voanews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти вели дека за настаните во Куманово од мај во 2015 година во кои загинаа осум македонски полицајци и десет припадници на таканаречената „кумановска група“ што го предизвика крвавиот конфликт, треба да се спроведе сеопфатна независна меѓународна истрага.

Запрашан „дали е можно Косово да преговара за косовските граѓани кои се наоѓаат во затвор во Македонија“, Курти во емисијата „ДПТ“ на приштинската телевизија „Т7“, рече дека, според него, „тие луѓе немаат потреба од преговори меѓу двете влади, туку имаат потреба од еден истражен процес, кој ќе биде независен од сам почеток“.

„Ние треба да разговараме со Владата на Северна Македонија, меѓутоа ние сме Влада во оставка, а и таму има техничка Влада. И таму и кај нас нè очекуваат избори. За тој случај е потребна една таква независна истрага, за која и ние треба да го дадеме придонес, а посебно меѓународниот фактор кој ќе ја открие вистината и ќе воспостави правда“, изјави Курти.

Тој изрази сомневање дека целиот настан, поради кој македонскиот суд осуди 37 лица, повеќето од Косово, на казна од вкупно 746 години затвор, „бил наместен“ и дека се работело за „стапица“ во која упаднала групата Албанци.

Во тој контекст, Курти напомена дека настаните од пред пет години во кумановското „Диво насеље“ се случија во време кога македонски премиер беше Никола Груевски, кој, како што нагласи, во тоа време „беше мошне близок“ со властите во Србија.

„Тогаш на власт беше еден режим на Никола Груевски, кој беше мошне близок со Белград и има многу непознаници за тоа што се случи во Куманово. Се чини дека имаше стапица и треба да се види кои беа сценаристите и режисерите на таа стапица, а не само актерите кои завршија на сцената која се урна. Во овој аспект јас сметам дека е потребна една независна меѓународна истрага, со тоа што ќе се направи и дистанцирање меѓу режимот на Груевски и актуелните власти во Северна Македонија“, изјави Курти во синоќешното интервју за приштинската „Т7“.

Албин Курти Диво насеље истрага Косово Македонија став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.