НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Договор не постигнавме, ама изборите се утврдени и треба да бидат на 21 јуни

0
By Нова ТВ on May 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не се постигна договор во првиот вистински момент да се излезе на избори, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на лидерската средба попладнево. Според него, тоа го потврдуваат Комисијата за заразни болести, уставните одредби, па дури и ОБСЕ/ ОДИХР. Првиот термин за избори, по укинувањето на вонредната состојба и врз основ на Уредбата со законска сила, според него е 21 јуни.

СДСМ, додаде Заев, допрва ќе размислува дали ќе оди на избори без опозиција.

„Неодговорност, незрелост и мислење само на партиската фотелја нè доведе до тоа да не дојдеме до консензус#, рече Заев.

Според лидерот на СДСМ, однесувањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е на штета на државата, обвинувајќи дека тој се плаши од граѓаните и гласањето.

„Сакаат да се одолговлекуваат здравствената и економската криза, за да креираат нова политичка криза. Ние тоа нема да го дозволиме“, рече Заев.

Изборите се одредени, истакна тој, по завршување на вонредната состојба продолжуваат изборните дејствија.

„Сметаме дека може да организираме избори. Техничката Влада чија првенствена улога е да организира избори паралелно со мерките за заштита на граѓаните треба да ги рестартира и предизборните процеси за органзизирање слободни, фер и демократски избори, со целосна заштита на здравјето на граѓаните. Очекувам да се подготват и сите процеси на институции задолжени за изборите, пред сè, на ДИК“, рече Заев.

датум Зоран Заев избори Коронавирус лидерска средба СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.