НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Заев: Емитуваната снимка е од ручек со Александар Верушевски пред четири години

0
By Нова ТВ on May 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Снимката која беше објавена е направена пред четири години од Александар Верушевски на ручек во ресторан во Струмица, одговори лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција на прашање на новинар за тоа кој е другиот соговорник.

„Тој е мој пријател, но ете така одлучил така направил. Неговиот татко знаете е советник за национална безбедност и ми е голем пријател. Но, ете, Александар така одлучил така правел“, рече Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/530514801188448/

Во однос на изборите, тој истакна дека во случај да нема консензус за изборите, тогаш датумот за нивно одржување по Устав и закон е 21 јуни.

„Ако не успееме да се договориме, не е прашање на тоа што бараат политичките партии, што бара опозицијата, туку тогаш ќе постапиме според Устав и закон. Ние нема да дозволиме да се кршат Уставот и законите. Треба да се договориме, но ако не се договориме, да знаат сите дека на 21 јуни ќе има избори со 14 кандидадски листи, ќе се излезе на гласање и верувам дека максимален ќе биде бројот на излезени гласачи“, рече Заев.

Заев на прес-конференцијата говореше и за третиот пакет економски мерки вреден 355 милиони евра, при што нагласи дека во носењето се водело сметка да се помогне на секое лице. Со тоа, вкупниот државен влог во амортизација на ударите од ковид-19 врз македонската економија и граѓаните ќе достигне над пола милијарда евра.

„Горд сум дека нашата држава стоечки одговори на оваа криза. Да ја претвориме оваа криза во нова можност. За трите сет на мерки ќе се вложат 550 милиони евра, истакна Заев.

Со платежните картички, вели тој, ќе се стимулира потрошувачката на граѓаните. Ќе има и ваучери за одмор во вредност од 6.000 денари.

На прашањето дали со картичките ќе може да се плати на пазарите, Заев објасни дека дека голем дел од пазарџиите кои се фискализирани и државата е подготвена да помогне.

„Оваа картичка ќе се користи само за дома. Значи можете да купите облека, бела техника, се што е домашно производство“, изјави на прес-конферецијата преседателот на СДСМ.

Александар Верушевски датум Економски мерки Зоран Заев избори прес конференција снимка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.