Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај на Комисијата за заразни болести: Епидемијата во оваа фаза е под контрола

0
By Нова ТВ on May 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 20, 2020 12:32

Епидемијата е во фаза на смирување, односно, под контрола, се вели во извештајот на Комисијата за заразни болести до премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче. Документот кој е потпишан од доктор Жарко Караџовски, а до кој дојде Нова ТВ, е поделен во неколку точки – сегашна епидемиолошка состојба, предвидувања за наредниот период, предизборна кампања и ден на избори.

„Бројот на заболени од ковид-19 во нашата земја е значително намален и за десет пати е намалена инциденцата од пред еден месец. Тоа се должи на низата мерки на Комисијата за заразни болести кои министерот за здравство ги проследуваше до Владата“ се наведува во документот.

Заклучокот за стивнување на епидемијата се темели врз два вида на фактори што ги евалуираа во Комисијата за заразни болести. Првите се квантитативни и во нив влегуваат број на новодијагностицирани случаи, број на хоспитализирани пациенти, број на пациенти со тешка клиничка слика и на респиратот, број на слободни болнички кревети, број на починати лица, кластерите и R0 факторот. Сите овие, се посочува во документот, се подобрени во однос на пикот на епидемијата.

Втората група фактори, се наведува во извештајот, се квалитативни како успешно справување на здравстениот систем со оваа криза како последица на подобрување на менаџментот во здравстевните институции и подобрениот капацитет на медицинскиот персонал кој е соочен со организациски и стручни предизвици за третман на досега непозната болест, наведуваат од Комисијата.

Сублимат на двата типа на фактори, пишува во документот, е – намален R0 фактор на преносливост, рано откривање на пациенти и нивно следење и класифицирање во кластери и подобрен капацитет на здравствениот систем за хоспитализација и лекување на пациентите. Сите овие се под контрола, состојба што според Комисијата за заразни болести се очекува да продолжи и во наредните два месеца.

Во извештајот се наведува дека „не се очекуваат големи изненадувања ниту нагло зголемување на бројот на нови случаи“. Но, истовремено, се укажува дека состојбата со ковид-19 ќе потрае подолг временски период, поточно до пронаоѓање на вакцина и нејзино аплицирање меѓу населението во насока на создавање на колективен имунитет.

Како фактори, пак, што би можеле негативно да влијаат на моментната состојба се наведени четири – отворање на домашните граници, летување надвор од државата, почеток на нова учебна година и почеток на сезоната на грип. Тоа, стои во заклучокот, се претпоставки според кои, како изминува времето, се повеќе се зголемува ризикот од втор бран на епидемијата.

Документот се осврнува и на предизборната кампања за чиј Протокол за реализација е дополнет со нови предлози. Да не се организираат големи собири и по можност да се обезбеди озвучување/разглас, одржување на физичка дистанца меѓу учесниците од 1,5 – 2 метра  во кампањата „од врата до врата“ задолжително ќе биде носење на заштитна маска и одржување на дистанца со соговорниците, но без влегување во домовите.

Активностите во штабови или партиски простории секогаш да се одржуваат на отворено кога е можно такво нешто, во спротивно, ако е во затворен простор, да не биде повеќе од два часа по кои треба да следува проветрување и дезинфекција. Мобилните пултови и штандови за делење на промотивен материјал да не служат како места за собирање на поголем број на граѓани, а партискиот организиран превоз се спроведува со средства за јавен превоз со максимална пополнетост од 50 отсто. Секако, со задолжително носење на заштитни маски.

Во однос на денот на избори, сите членови на избирачките одбори и набљудувачи се задолжуваат со носење на маски и на секое избирачко место да има средство за дезинфекција и корпа за отпадоци. Гласачите, пак, ќе треба да одржуваат растојание од 1,5 – 2 метра еден од друг, при влез во просторијата ќе треба да извршат дезинфекција, а при подавање на личната карта накратко да симнат маска за идентификација.

Покрај извештајот на Комисијата за заразни болести, премиерот Оливер Спасовски преку својот Фејсбук профил порача дека се пристигнати одговори и од Државната изборна комисија и од ОБСЕ/ОДИХР.

Епидемиолошка состојба избори Извештај Комисија за заразни болести Предизборна кампања препораки Протоколи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.