НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИВЗ до Владата: Ниту ќе затвориме џамии, ниту ќе се откажеме од молитви за Рамазан Бајрам

0
By Нова ТВ on May 21, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: plusinfo.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Исламската верска заедница (ИВЗ) писмено ги информирала Владата и Комисијата за заразни болести дека нема да почитува евентуален полициски час за време на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

Писмото на ИВЗ било испратено до двете споменати адреси на 18 мај и во него ги информира дека ниту ќе ги затвори џамиите, ниту ќе се откаже од молитвите. Но, притоа се наведува дека ќе бидат почитувани препораките за физичка дистанца и носење на заштитна маска.

Преку својот Фејсбук профил се јави и Реисот Сулејман Реџепи кој нагласи дека „евентуален полициски час ќе значи губење на довербата во компетентните органи на сите верници од муслиманска вероисповед“.

„Ако се воведе полициски час за целиот викенд, тогаш вие, како компетентни органи, ќе ја загубите довербата кај сите верници од исламската вероисповед. Имајќи предвид дека нашата земја се наоѓа пред одржување на парламентарни избори, ние како верска институција постоиме за да им служиме на верниците и нема да носиме товар на грб за откажување на намазот на Фитер Бајрам во џамија. Ви гарантираме дека во текот на намазот, ќе ги почитуваме сите препораки кои се имплементират и при извршување на дневните намази за кои досега не сме добиле никаква забелешка од ваша страна“ напиша Реџепи на Фејсбук.

Неговиот пост доаѓа по најавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека Комисијата за заразни болести предлага мерката „полициски час“ за претстојниот продолжен викенд, кога покрај Рамазан Бајрам, се празнува и „Св. Кирил и Методиј“, да започне во сабота во 19 часот и да заврши во вторник во 5 часот наутро.

Влада ИВЗ Комисија за заразни болести писмо полициски час Рамазан Бајрам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.