НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска: Платежните картички со средства за граѓаните во периодот јуни-јули

0
By Нова ТВ on May 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавените платежни картички со средствата за граѓаните се очекува да бидат поделени во периодот јуни-јули, како што стои во третиот сет на економски мерки, додека ваучерите за туризам граѓаните би ги добиле во јуни, најдоцна јули и предвидено е истите да се користат до крајот на 2020 година, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција. Притоа нагласи оти Уредбите за користење на овие мерки се очекува да бидат доставени и усвоени до крајот на следната недела.

Електронските платежни картички, појасни Анегловска, ќе бидат сетирани така што нема да може да се подигнуваат средства од банкомати и ќе бидат исклучиво наменети за купување на домашни производи, додека со МИОА се работи на тоа секој граѓанин да може со впишување на матичниот број да провери дали и колку му следува финансиска поддршка.

„Веќе се работи на конкретното оперативно решение. Вчера имавме средба со македонската банкарска асоцијација и со банките, ги утврдуваме деталите и Уредбата веќе е во нацрт верзија и денеска ќе биде испратена за комуникација до сите засегнати страни. Се работи интензивно за спроведување на сите мерки и нема простор за нетрпеливост“, изјави Ангеловска.

Во однос на таргетираните групи за електронски платежни картички, Ангеловска рече дека првата мерка од 9.000 денари финансика поддршка се однесува на невработени лица, активни баратели на работа, лица до 15.000 денари месечни примања, согласно податоците од УЈП, потоа вработени со примања до 15.000 денари, младите, студентите и средношколците.

„Работиме за елиминација на моментот секој граѓанин да треба самоиницијативно да аплицира. Податоците и базите од УЈП ни дозволуваат таргетирање и можеме веднаш да видиме колку средства, месечни примања имаат и веќе со таа листа имаме прелиминарно одредено на кои точно граѓани колкава финансиска помош им следува“ нагласи Ангеловска.

Во однос на мерките за стопанството, Ангеловска рече дека во програмата на Владата има 150 милиони евра, од кои 25 милиони евра за платежната картичка, 60 до 65 милиони евра за поддршка на работодавачите за исплата на плати и дополнителни 50 милиони евра кои ќе се насочат за дизајнирање и креирање на навремени мерки.

„Без поддршка и насочување на граѓаните да одат во македонските туристички капацитети, би имале околу 50 проценти пад во бројот на ноќевања. Со поддршката од 10 до 12 милиони евра за над 100.000 граѓани, ќе успееме да го ублажиме падот за повеќе од двојно. Тоа значи дека мерката директно ќе го амортизира ударот и ќе го помогне туристичкиот сектор“, изјави Ангеловска, посочувајќи дека вакви анализи се прават за сите сектори.

граѓани економија Нина Ангеловска платежни картички Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.