НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета во САД: Бајден во предност од 11 отсто во однос на Трамп

0
By Нова ТВ on May 22, 2020 СВЕТ
Фото: nytimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден е во предност од 11 проценти во однос на шефот на државата Доналд Трамп, покажува најновата анкета на Квинипек Универзитетот на Флорида што, патем, упатува дека Американците не се задоволни од начинот на кој актуелниот претседател се справува во борбата со ковид-19 во САД.

Според анкетата објавена синоќа, Бајден, сè поизвесен претседателски кандидат од Демократската партија, е поддржан од 50 проценти од гласачите, додека за републиканецот Трамп би гласале 39 проценти на претседателските избори во ноември.

Од регистрираните Демократи, 88 отсто изјавиле оти ќе гласаат за Бајден, а само пет отсто се изјасниле дека ќе гласаат за Трамп. Од Републиканците, пак, 87 отсто би гласале за Трамп, додека осум отсто го избираат Бајден. Резултатот кај независните е 47 отсто наспроти 36 отсто во полза на Бајден.

Бајден добива предност во анкетите во момент кога економските оператори во САД започнуваат со внимателно отворање на работата и покрај пандемијата на коронавирусот. Се повеќе гласачи не одобруваат како Трамп се справува со коронавирусот. Прашани кој кандидат сметаат дека ќе може подобро да се справи со епидемијата, 55 отсто му укажале доверба на Бајден, додека 39 отсто го избрале Трамп. Повеќето гласачи (57 отсто) сметаат дека Бајден подобро би се справил и со здравствената заштита во САД отколку Трамп (37 отсто).

Сепак, гласачите се поделени во однос на прашањето кој кандидат е подобар за економијата – 48 отсто сметаат дека тоа е Бајден, додека 47 отсто го посочуваат Трамп.

„Предноста на Бајден укажува дека довербата кон претседателот Трамп е нарушена. Како што се зголемува бројот на заразени од коронавирус, се доведува во прашање разумноста на Трамп, а ноември е сè поблиску“, изјави Тим Малој, анкетен аналитичар од Универзитетот Квинипек.

Анкетата е спроведена откако универзитетот Колумбија вчера објави анализа дека доколку мерките за физичка дистанца во САД би биле воведени две недели порано, односно на 1 март кога епидемијата започна да се шири, би биле спасени 36.000 животи. Во земјата досега од ковид-19 починаа над 96.000 лица, додека регистрирани се повеќе од 1,6 милиони заразени луѓе.

анкета Доналд Трамп САД Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.