Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршен ден од јавната седница во скопска Апелација за случајот „27 април“

0
By Нова ТВ on May 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 29, 2020 09:50

Со искази на дел од обвинетите и со обраќање на обвинителството пред Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, денеска треба да заврши јавната седница по жалбите за пресудите за насилставата во Собранието на 27 април во 2017 година.

Јавната седница за овој предмет вчера ја одбележа изјавата на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, кој во своето обраќање пред судечкиот совет рече дека добил закани од лица во придружбата на сопругата и на ќерката на Митко Чавков (поранешен директор на Бирото за јавна безбедност), додека бил спроведуван во судот. Нинџа истакна дека добил закани и од Чавков дента на изрекувањето на пресудите, но и од политичари додека бил во притвор.

Адвокатот на Чавков, Сашко Дуковски по однос на оваа прашање, рече дека немало никакви закани бидејќи на рочиштето вчера немало никој од семејството на Чавков.

„Тоа е истото сценарио, заради кое некои добија осум години, а сите други 15 години. Кооперативност со обвинителството. Ниту закана, ниту ништо. Кој на кого ќе се заканува. Зошто се командирите тука да интервенираат. Кој си има мува на капата, си кажува. Не станува збор за никаква закана“, изјави Дуковски за тврдењата на Александар Василевски – Нинџа.

Апелациски суд Скопје жалби јавна расправа пресуди Случај „27 април“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.