НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Минеаполис гори- воведена вонредна состојба

0
By Нова ТВ on May 29, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com/reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани со консеквенци по насилните протести кои избувнаа во Минеаполис по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, за време на насилното приведување од полицијата, пишува „Дојче Веле“.

„Само што разговарав со гувернерот Тим ​​Волц и му реков дека војската е на негова страна. Ако има потешкотии, ние ќе ја преземеме контролата, но кога почнуваат ограбувањата грабежот, почнува пукањето. Овие насилници го обесчестуваат споменот на Џорџ Флојд и нема да дозволам тоа да се случи“, порача Трамп преку „Твитер“.

Трамп го обвини градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј за „тотален недостаток на лидерство“.

„Или слабиот градоначалник на радикалната левица, Џејкоб Фреј, ќе успее да го стави градот под контрола, или ќе ја испрата, Националната гарда и ќе ја завршам работата како што треба“, напиша Трамп.

Државниот гувернер Тим Волц синоќа ја активира Националната гарда и прогласи вонредна состојба во Минеаполис и околните области. Националната гарда на Минесота соопшти дека повеќе од 500 војници биле распоредени во регионот Минеаполис. Нејзина задача е да го заштити животот и имотот и да обезбеди мирни демонстрации.

Инаку протестите во Минеаполис започнаа во средата, а бесните учесници за време на вчерашните демонстрации ги ограбуваа продавниците, ги опустошуваа и ги демолираа. Градоначалникот Фреј претходно побара од гувернерот на сојузната држава Минесота да испрати воени трупи – Националата гарда.

Повод за протестите беше смртта на Џорџ Флојд, кој беше снимен за време на апсењето како се гуши додека еден полицаец со колена му го притиска вратот 8 минути. На снимката се слуша како Флојд го моли полицаецот да го попушти притисокот и му вели дека не може да диши.

Гувернерот Волц вчера повика на мир и рече оти насилството претстатвува „исклучително опасна ситуација“ и ги повика луѓето да се разидат. Канцеларијата на американскиот државен обвинител и Федералното истражно биро (ФБИ) во Минеаполис соопштија дека спровеле кривична истрага поради смртта на Флојд и оти овој случај им е приоритет. Претседателот на САД Трамп во првата реакција на видеото во средата на Твитер го осуди убиството и побара да се забрза истрагата.

вонредна состојба Доналд Трамп Минеаполис Национална гарда Нереди протести САД Џорџ Флојд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.