Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Едно лице е приведено, за седум ќе има пријави по протестот пред Владата

0
By Нова ТВ on May 31, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: 360stepeni.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 31, 2020 17:49

Едно лице е приведено, а против седуммина ќе бидат поднесени пријави за непочитување на Уредбата и мерките за јавен собир и групирање по денешниот протест пред Владата против начинот на државата за справување со ширењето на коронавирусот, против ваквините и против 5Г технологијата.

Педесетина граѓани се собраа попладнево пред зградата на Владата со транспаренти, знамиња, маски и чадори со сонцето од Кутлеш и изразија негодување со преземените мерки во борбата со ковид-19. Вирусот кој го парализира светот за нив е обичен грип за кој ниту има потреба од вакцина ниту, пак, има потреба од носење на заштитни ракавици и маски.

Фото: 360stepeni.mk

Но, и покрај тоа, тие имаа носеа заштита на лицето поради, како што истакнаа, „не сакаат да плаќаат казни“.

„За да има епидемија на една територија, треба да има меѓу 10 и 15 отсто заболени меѓу населението и околу 10 отсто смртни случаи што не е случај кај нас. Во истовреме, во недела навечер и во услови на полициски час, се поставуваа 5Г мрежи и тоа без маски и за тие, нели, нема пандемија“, рече еден од демонстрантите, пренесува „360 степени“.

Друг, пак, искажа револт за вакцините за кои рече дека биле со отров.

„Не пасеме трева. Планот нема да им мине и не сакаме вакцини со отров. Вистината кога-тогаш ќе се открие. Пандемија не постои, а сето ова што се прави е за уништување на економиите на сите држави“, истакна друг демонтрант.

За протестот рекоа дека се собрале спонтано, преку социјалните мрежи, и немаат поим кој е организатор. Изразија негодување и за задолжувањата на Владата, за преземените економски политики, за изборите и промената на името на државата, па затоа и најистакнат симбол на протестот беше сонцето од Кутлеш.

Најголем дел од насобраните лица се разотидоа по интервенција на полицијата, а мал дел од нив останаа и се обидоа да издејствуваат ослободување на еден од нив кој, како што потврди Министерството за внатрешни работи (МВР), е приведен.

5Г вакцини Влада економија Ковид-19 Македонија протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.