НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД во пламен, Трамп во бункер

0
By Нова ТВ on June 1, 2020 СВЕТ
Фото: theverge.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенти од американската Тајна служба синоќа го засолнија претседателот на САД, Доналд Трамп, во подземен букер кога стотици демонстранти се собраа пред Белата куќа да протестираат поради полициска бруталност и поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата, пишува „Дојче Веле“.

Неименуван член од Републиканската партија изјави дека Трамп брзо е засолнет во подземен бункер поради демонстрациите пред Белата куќа, а тоа го потврди уште едно официјално лице. Наглата одлука на Тајната служба укажува на вознемирено расположение во Белата куќа во која можеле да се слушнат извиците од масата луѓе во паркот Лафајет, веднаш од спротивната страна, за време на целиот викенд, додека агентите од Тајната служба и полицијата се обидуваа да ги сузбијат демонстрантите.

Протести поради смртта на Флојд избувнаа ширум САД, а во главниот град започнаа од петокот, и оттогаш обезбедувањето во Белата куќа е засилено со Националната гарда и дополнителен персонал од Тајната служба и од полицијата.

Вчера Министерството за правда, исто така, распореди припадници од службата Маршал на САД и агенти од Управата за сузбивање на дрога (ДЕА) да ги засилат трупите на Националната гарда пред Белата куќа, изјави претставник на Министерството за правда.

Насилства избија во градовите ширум САД и на шестиот ден од протестите поттикнати од смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициското приведување во Минеаполис. Во речиси 40 града е воведен полициски час, но демонстантите го игнорираат во голема мерка што доведе до затегнати ситуации и конфликти со полицијата.

Во Индијанаполис, најмалку две лица загинаа по истрели на маргини на протестите во центарот на градот. Во Њујорк, два полициски автомобила влетаа во толпата демонстранти, кои претходно фрлаа со камења врз возилата. А во Чикаго, наводно, работното време на полициските службеници било зголемено на 12 часа за да се справат со ситуацијата.

Во Минеаполис, во државата Минесота, каде што почина Флојд, уапсен е возач на камион затоа што поминал низ оградата на патот и влетал во толпата демонстранти кои оделе по автопатот. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат десетици луѓе собрани околу возилото кои го извлекуваат возачот надвор од камионот.

Тој подоцна е одведен во болница со полесни повреди, а не е пријавено дека во инцидентот има и други повредени. Гувернерот на Минесота, Тим Волц, изјави дека мотивот на возачот е нејасен и рече оти е зачудувачки тоа што не се случила трагедија и нема многу повредени.

Бункер Доналд Трамп насилства протести САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.