НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово доби нова Влада на чело со премиерот Авдулах Хоти

0
By Нова ТВ on June 3, 2020 СВЕТ
Фото: lajmi.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на Косово со 61 глас „за“, 24 „против“ и еден „воздржан“ ја избра новата влада на чие чело ќе биде Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК). Неговиот кабинет, според предлогот што го изнесе пред пратениците, ќе има четворица заменици премиери и 15 министри кои доаѓаат од новата коалиција што ја сочинуваат ЛДК, Алијансата за иднината на Косово (ААК), Социјалдемократската иницијатива (Нисма), Српската листа (СЛ) и таканаречената „Груп 6 +“, односно партиите на помалите етнички заедници.

Вицепремиери во новата косовска Влада се Бесник Тахири, Дритон Селманај, Албулена Баљај и Горан Ракиќ. Нов министер за правда е Селим Селими, за одбрана Антон Ќуни, кој и досега го водеше истиот ресор, за внатрешни работи Агим Велиу, за надворешни работи Мелиза Харадинај, за заедници и враќање Даливор Јевтиќ, а досегашната министерка за образование, Хикмете Бајрами во кабинетот на Хоти ќе ги води финансиите.

Претставувајќи ја својата програма, мандатарот Хоти нагласи дека намерата на партнерите од новата коалиција за формирање влада била единствено заштитата на човековите права и слободи и напредокот на државата. Тој рече дека прифаќањето на кандидатурата за премиер не претставувало „баш лесен предизвик“ за него.

„Чувствувам одговорност пред пратениците, пред граѓаните и пред Уставот за задачите кои нè очекуваат. Нација сме на која ѝ треба влада која ќе ѝ служи, а не обратно, влада на која ѝ треба нација за експериментирање. Појдовме единствено од општествениот интерес. Новата влада нема да има ниедна друга моќ, освен онаа што извира од Уставот“, порача Хоти.

Новата влада, рече тој, во ниеден момент нема да го напушти евроатлантскиот пат на Косово, а ќе стори сè за да ги интегрира заедниците во сите области на општествениот живот, со обезбедување еднакви можности за сите. Хоти истакна дека веднаш ќе се заложи за надминување на пречките за продолжување на дијалогот со Србија како „прашање од животно значење за Косово“, за што најави тесна соработка со Европската унија и САД за кои рече дека имаат „неделива улога“.

Двата приоритети на новата Влада, потенцира Хоти, се борбата против пандемијата на ковид-19 и економското опоравување по совладувањето на епидемијата, за што ќе се сработи посебна владина програма што ќе се заснова на анализа на последиците на ковид-19 врз економијата.

На седницата не присуствуваа пратениците на досега владејачкото Движење „Самоопределување“ на Албин Курти, освен шефот на пратеничката група Реџеп Селими, кој во своето обраќање по излагањето на Хоти рече дека формирањето нова влада претставува „грабеж“ и „газење на волјата на граѓаните изразена на изборите од октомври минатата година.

„Некои губитнички партии, некои мали и некои малку поголеми партии, се собраа за да ја украдат победата на „Самоопределување“. Владата што се обидувате да ја формирате е производ на измама. Таа е илегална бидејќи произлезе од неправедната пресуда на Уставниот суд“, изјави Селими.

Шефовите на пратеничките групи на партиите од новата коалиција изразија поддршка на новата влада и упатија критики на досегашното владеење на Курти. Лидерот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Кадри Весели изјави дека пратениците на неговата партија нема да го поддржат кабинетот на Хоти, затоа што не очекуваат дека ќе донесе нешто добро на земјата.

По изгласувањето, членовите на новиот владин кабинет поднесоа заклетва пред присутните пратеници во Собранието. Пред зградата на Собрaнието се собраа неколку десетици граѓани кои се спротивставуваат на формирањето нова влада и бараат одржување на нови избори.

Авдулах Хоти Влада гласање Косово Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.