Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во САД: Демонстрантите со барање за реформи во полицијата

0
By Нова ТВ on June 7, 2020 ВЕСТИ
Фото: oneindia.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 7, 2020 10:01

Илјадници граѓани излегоа на вчерашните најмасовни протести низ улиците на американската престолнина Вашингтон против расната дискриминација, кревајќи глас против расизмот и полициското насилство во САД.

Протестите, што деновиве се одржуваат во повеќе градови во САД, се организирани од движењето „Црниот живот има важност“ (Black Lives Matter). Иако на почетокот беа насилни и проследени со хулиганизам и уништување на приватна сопственост, во изминатите денови се мирни и се одвиваат во карневалска атмосфера, со пеење песни и извикување пароли – „Вака изгледа демократијата“ и „Не можам да дишам“ што е последната реченица во животот на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен од полицајци во Минеаполис.

„Денеска во многу делови на САД е небезбедно да се излезе од дома за бројни припадници на „црната“ популација. Не поради тоа што можат да бидат нападнати од други, туку, пред сè, поради закана токму од полицијата“, изјави за МИА учесник во синоќешните протести во Вашингтон кој носеше налепница „Трамп, Пенс треба да си заминат“.

Тој смета дека и толку масовни протести тешко можат да донесат промени, доколку се нема поддршка од власта, „но ние денеска немаме функционална власт“.

Дописникот на МИА од Вашингтон пристигна на главното место на протестите пред паркот Лафајет кај Белата куќа околу 14 часот и таму веќе имаше околу 3.000 демонстранти. Агенциите претходно јавија дека кај меморијалниот споменик на Линколн беа собрани сличен број на луѓе. Низ градот се оддржаа маршеви, при што учесниците скандираа „Рацете горе, не стрелајте“, „Ние одиме за надеж, а не за омраза“ и „Не можам да дишам“. Организаторите на протестот во Вашингтон вчера на жешкото и влажно време раздаваа освежителни пијалоци и храна за учесниците во маршевите.

Џорџ Флојд (46) почина на 25 мај во Минеаполис, откако полицаец го приклешти неговиот врат со колено и легнат и со лисици на рацете го држеше во таква положба речиси девет минити. Убиството поттикна гневни демонстрации во многу големи градови и мали места низ САД против расизмот и безмилосното поведение на полицијата кон малцинските групи.

Синоќа протести имаше и во најголемите градови на САД како Њујорк, Сан Франциско и Лос Анџелес. Демонстрантите во Сан Франциско маршираа по мостот „Голден гејт“, река од луѓе, пак, маршираше и во тунелот во Лос Анџелес, а демонстрации инспирирани од случувањата во САД се одвиваат и низ целиот свет. Едно од барањата е кратење на парите за финансирање на полицијата.

Се вршат реформи и во непосредните постапки при задржување – гувернерот Ендрју Куомо истакна дека сојузната држава Њујорк треба да забрани задушување, додека гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам порача тамошната полиција да ги укине обуките за задржувања при кои се употребува стисок на каротидната артерија. Во Минеаполис локалната власт изгласа забрана за употреба на коленото за фиксација на осомничениот при апсење.

Во четвртокот, двајца полицајци од Бафало, сојузна држава Њујорк, беа отстранети од служба, по туркање за време на протест на 75 годишен старец, при што тој се здобил со повреди на главата.

Светлечки натпис „Црните животи се важни“ синоќа се појави и на зградите околу Белата куќа, а улица во близина на резиденцијата беше именувана во чест на движењето, како одговор на градоначалничката на Вашингтон на агресивната наредба на претседателот Доналд Трамп за растерување на демонстрантите.

Таа побара и заминување на преостанатите припадници на Националната гарда и војската во градот, кои дојдоа да ја заштитат Белата куќа од можни масовни безредија.

барање демонстранти полиција протести реформи САД убиство Џорџ Флојд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.