НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата ќе ги покрива придонесите за плати на новинари и на медиумски работници

0
By Нова ТВ on June 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државата стопроцентно ќе ги покрива придонесите на плата на вработените во медиумите и медиумските куќи, телевизиите, радиодифузерите, печатените медиуми, како и електронските интернет портали, информираа денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Оваа мерка, истакна Османи, Владата ја донела со консултациите со Самостојниот синдикат на новинарите и медиумски работници со цел поддршка за оние кои ја водат битката против пандемијата.

„Веќе подолго време предупредувам дека сме загрозени од лажните вести и наменската пропаганда која најсилно ја чувствуваме токму во справување со предизвиците од пандемијата Ковид 19. Во борбата со лажните вести најпрво е потребно да им се даде поддршка на оние кои ги пренесуваат точните вести. Токму во оваа насока беше иницијативата да обезбедиме поддршка за медиумите за новинарите и медиумските раотници кои рамо до рамо заедно со здравствените работници и припадниците на безбедносние служби, беа и сè уште се на прва линија на одбрана од пандемијата“, рече Османи.

Појасни дека времетраењето за кое ќе важи оваа одлука се изедначува со времетраењето на вонредната состојба, а започнува веднаш по нејзиното укинување, а за реализација на мерката, по предлог на ССНМ, одредиле и неколку услови со кои се заштитуваат токму работниците.

Тоа значи, како што истакна Османи, оваа мерка ќе можат да ја искористат токму оние медиуми кои за време на кризата не отпуштиле ниту еден работник поради кризата, а тоа право ќе го немаат и за времетраењето на субвенцијата.

„Оние медиуми кои поради кризата ги намалиле платите и на одредени или сите вработени, за да можат да ја искористат субвенцијата ќе треба да ги вратат платите на нивото од пред почетокот на вонредната состојба“, истакна Османи.

И како трето, додаде Османи, бидејќи интересот на Синдикатот се самите вработени новинари и медиумски работници, право на оваа мерка ќе имаат медиумите кои имаат најмалку тројца постојано вработени работници.

Посочи дека овие три услови беа клучните барања на синдикатот што Владата ги прифати, и за кои смета дека ќе обезбедат доволно услови со кои поддршката ќе стигне токму до оние за кои е наменета а тоа се новинарите и медиумските работници.

Бујар Османи Коронавирус лажни вести медиумски работници новинари плати Придонеси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.