Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Караџовски: Никој не се заразува од гласање, туку од непочитување на мерките

0
By Нова ТВ on June 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 15, 2020 10:07

Изготвивме протокол и тој е доставен до ДИК, но ние не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Никој нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски во интервју за „Слободен печат“.

„Комисијата доби задача да изготви изборен протокол. Никој никогаш не ни рекол кога ќе бидат изборите. ДИК во полн состав беше повикана кај нас, а од нас беше побарано да им дадеме критериум за да се спроведе изборниот ден. Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК. Но, ние кажавме дека не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Само кажавме кои критериуми треба да се задоволат за да се спроведат. И во соседството се подготвуваат за избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид. Затоа што никој во нашиот нормален живот нема да се зарази ако ги почитува мерките за заштита, за дистанца, ако носи маска или ако се дезинфицира. Значи, направивме протокол кој важи кога и да се одржат изборите“, изјави Караџоски.

Комисијата за заразни болести, на барање на претседателот Стево Пендаровски по лидерската средба од минатиот месец, изготви протокол за одржување на изборите. Препорача строго придржување кон мерките за заштита, носење на маски и на ракавици, држење на дистанца и дезинфекција во текот на кампањата и на денот на изборите, а ако е можно, и продолжување на периодот на гласање за два часа.

Протоколот предвидува сите активности во кампањата и пред неа да се одвиваат исклучително почитувајќи ги физичката дистанца од 1,5 до 2 метра, миење и дезинфекција на рацете, носење на заштитна маска или прекривка на устата и носот за време на сите партиски активности во затворени простории, но и на отворени кога нема да може да се држи дистанца.

На сите собири што се одржуваат на отворен и во затворен простор мора да се почитуваат мерките и да се користи разглас за да се избегне концентрација на повеќе лица на ист простор. При водење кампања од врата на врата, мора да се носи заштитна опрема, да се држи дистанца од соговорниците, да не се влегува во домаќинствата туку само на врата или во дворови.

Партиските активности наместо во штабови да се спроведуваат на отворено, а ако е неопходно да се се внатре, да се почитуваат сите мерки, да не траат подолго од два часа и потоа да се проветрува, и да се врши секојдневна дезинфекција;

На пунктовите за рекламен материјал да не се собираат поголем број граѓани, а на еден штанд да има најмногу двајца активисти. Партискиот превоз да се спроведува со средства за јавен превоз, искористеноста на капацитетот на возилото да биде 50 проценти и сите внатре да носат заштитна опрема, а превозниците да обезбедат средства за дезинфекција

Протоколот за денот на гласање предвидува членовите на избирачките одбори и набљудувачите да носат заштитни маски и ракавици, прозорците да бидат отворени или да се проветрува на секој час, да се дезинфицираат рацете. Гласачите треба да чекаат на дистанца од два метра, при влегување на избирачко место да се дезинфицираат рацете, да се носи заштитна опрема, при давањето лична карта кратко да се тргне маската за идентификација, по гласање повторно да ги дезинфицираат рацете. Во просторијата да нема повеќе гласачи од бројот на боксови за гласање. Комисијата, исто така, препорача, ако е можно, да се продожи времето на гласање за два часа.

гласање Жарко Караџовски избори Интервки Комисија за заразни болести Протоколи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.