Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Дексаметазонот е прекрасна вест во борбата против Ковид-19

0
By Нова ТВ on June 17, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 17, 2020 10:18

Светската здравствена организација (СЗО) како „одлична вест“ го поздрави резултатот од првото клиничко испитување што покажува дека евтиниот и широко распространет стероид дексаметазон може да помогне да се спасат тешко болните пациенти од коронавирусот.

„Ова е прва терапија за која се покажа дека ја намалува смртноста кај пациенти со Ковид-19, кои се наоѓаат на кислород или вештачка вентилација. Одлична вест и честитки до владата на Велика Британија, Универзитетот Оксфорд и многуте болници и пациенти во Велика Британија, кои придонесоа за научниот продор што спасува животи“, изјави доцна синоќа генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус.

Истражувачите ги споделија првичните заклучоци за резултатот со СЗО и „се радуваме на целосната анализа на податоците во наредните денови“, додаде тој во изјавата.

„СЗО ќе координира една мета-анализа за зголемување на општото разбирање на оваа интервенција. Ќе бидат ажурирани клиничките упатства на СЗО за да се покаже како и кога лекот треба да се користи за лекување на Ковид-19“, велат од здравствената организација.

Во истражувањето на тимот научници од Оксфорд на околу 2.000 пациенти во болница им бил даден лекот дексаметазон и нивните резултати биле споредени со околу 4.000 пациенти кои не го примале лекот. Пациентите на респиратори имале намален ризик од смрт од 40 на 28 проценти, додека пациентите со кислород имаат намален ризик од смрт од 25 на 20 проценти.

Лекарите, исто така, ќе ја истакнуваат и неговата цена, бидејќи третманот со овој лек за 10 дена чини околу пет фунти по пациент или 35 за да се спаси живот, а притоа тој е достапен ширум светот.

Дексаметазон Ковид-19 лек СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.