Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји: Оваа недела ќе бидат готови преговарачките рамки за Скопје и за Тирана

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 18, 2020 12:35

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, пред Европскиот Парламент денеска изјави дека преговарачките рамки на ЕУ со Албанија и со Северна Македонија оваа недела ќе бидат поднесени до земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Вархеји се обрати на пленарната седница на Европскиот Парламент во врска со извештајот за Западен Балкан. Тој истакна дека Европската Комисија (ЕК) го врати регионот во срцето на Европа во првите шест месеци од оваа година и дека ветувањата кон регионот се претворија од зборови во дела.

„Комисијата доби задача да изготви преговарачки рамки за Северна Македонија и за Албанија што ќе бидат готови веќе оваа недела, заедно со преглед на реформскиот напредок“, потврди Вархеји.

Преговарачките рамки беа ветени во текот на јуни, додека пак редовните извештаи за напредокот на сите земји од регионот се одложени за наесен, кога ЕК треба да понуди и голем економски и инвестициски план за излез од кризата на регионот. Вархеји истакна дека е испорачано и во однос на ветувањата кон земјите членки на ЕУ со ревидираната преговарачка методологија која овозможи конечно зелено светло за преговорите со Скопје и со Тирана во март годинава, по повеќе месеци блокада од Франција.

„Процесот на проширување е заснован на заслуга, за да напредуваат на патот кон ЕУ, земјите од Западниот Балкан треба да продолжат да испорачуваат реформи, посебно во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, темелните вредности и човековите права“, рече еврокомесарот и додаде дека што побргу една земја напредува реформски, толку побргу се приближува до членство во Унијата.

Албанија Европска комисија Еврпски Парламент ЕУ Македонија Оливер Вархеји Преговарачки рамки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.