НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Девет болници добија нови респиратори преку Програмата за развој на ОН

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: ohridsky.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Десет респираторни машини резервирани преку Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) се распределени во девет болници низ земјава. Универзитетската Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби доби две нови респираторни машини, а по една машина е доставена до Градската општа болница „8 Септември“ и Универзитетската Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). По една респираторна машина беше доставена до болниците во Кочани, Кавадарци, Прилеп, Тетово, Штип и Битола, соопштија од УНДП.

Во време на огромен пораст на глобалната побарувачка за респираторни машини и наддавање меѓу земјите, како што се посочува, УНДП резервираше 1.000 респираторни машини за земји во развој од кои десет за потребите и на Република Северна Македонија во борбата против епидемијата на коронавирусот.

„Новите респираторни машини ќе ги зголемат капацитетите на болниците за третман на пациентите со Ковид-19 кои имаат особено тешка клиничка слика, што ќе помогне во намалување на смртноста и во ублажување на последиците од епидемијата. Производителот на машините со модел Ventilator-Model VG7O е кинеската компанија Beijing Aeonmed Co., Ltd. Квалитетот на овој модел е проверен и потврден од СЗО, УНДП и Министерството за здравство“, потенцираат од УНДП.

Министерот Филипче изрази благодарност за досегашната соработка, додека постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан ја потврди заложбата за поддршка на земјата во справување со епидемијата преку долгорочна соработка за зајакнување на капацитетите и опоравување од кризата предизвикана од Ковид-19.

Глобално, УНДП соработува со СЗО и агенциите на Обединетите нации во спроведување на интегриран пристап преку кои им помага на 170 земји и територии во справувањето со и опоравувањето од пандемијата. Интегрираниот пристап вклучува три компоненти: подготовка (зајакнување на здравствени системи), одговор (забавување на ширењето на вирусот) и опоравување (ублажување на социо-економските последици). УНДП ги мобилизираше сите ресурси за надминување на овој досега невиден предизвик, а сите критични процеси на организацијата се водат преку дигитални и виртуелни платформи со цел непречено функционирање во време на мерки за ограничување на движење и препораки за намалена физичка интеракција“, стои во соопштението.

болници Коронавирус Македонија ОН Респиратори УНДП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.