НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светските медиуми за изборите во Србија: Вучиќ ја зацврсти својата доминација

0
By Нова ТВ on June 22, 2020 СВЕТ
Фото: kurir.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Александар Вучиќ со убедливата победа на својата Српска напредна партија (СНП) на вчера одржаните парламентарни избори го зацврсти своето владеење во земјата. Меѓутоа, сега се соочува со зголемен притисок од Западот за остварување на напредок во преговорите со Косово, пишуваат светските медиуми.

Владеачката конзервативна СНП, предводена од претседателот Александар Вучиќ, според проекциите убедливо победи на парламентарните избори во Србија, наведува „Ројтерс“. На излезноста, како што стои во извештајот на агенцијата, влијаеше бојкотот на некои опозициски партии кои истакнаа дека гласањето не било слободно и фер поради контролата на Вучиќ врз медиумите.

Гласачкото тело изразија голема поддршка на напорите на Вучиќ и влаеачката коалиција за членство на Србија во Европската Унија (ЕУ) додека државата, во исто време, одржува силни врски со Русија и со Кина, пишува „Ројтерс“ и истакнува дека идната влада се соочува со зголемен притисок од ЕУ и САД за официјален Белград да го признае Косово што се смета за клучно прашање за стабилноста на регионот.

Српската напредна партија на Вучиќ со 63 отсто гласови според првичните резултати е во позиција за драстично и драматично да ја зголеми својата цврста доминација во парламентот, пишува агенцијата „Франс прес“, наведувајќи дека дамка на изборите остави бојкотот на делови од опозицијата што го обвинува претседателот за авторитаризам и кои тврдат дека изборите не беа фер и слободни. Сепак, наведува „Франс прес“, и покрај бојкотот и стравот од коронавирусот, излезноста беше помала од вообичаеното, но не и драматично помала – околу 50 отсто.

Вучиќ веќе осум години се обидува да ја консолидира контролата над српската демократија, оценува АФП, додавајќи дека изборите уследија по нов бран на популарноста на Вучиќ, заради одржување на ситуацијата со коронавирусот. Како и да е, посочува агенцијата, набљудувачите велат дека моќта на Вучиќ лежи во неговата манипулација со медиумите, со тоа што неколку медиумски куќи служат како пропагандна машинерија на СНС, додека „Фридом Хаус“ неодамна ја класифицираше Србија како „хибриден режим“.

Од друга страна, додава АФП, српскиот лидер може да смета на поддршката на клучните сојузници на меѓународната сцена – покрај блиските врски со Русија и Кина, тој ја има и поддршката од Западот, кој верува дека може да реши децениски територијален спор со Косово.

Со завршувањето на изборите, српскиот претседател ќе се соочи со притисок да оствари напредок во разговорите со Приштина кои се замрзнати повеќе од една година, проценува АФП и посочува дека во наредната недела Вучиќ ќе има разговори со претставникот на ЕУ за Србија и Косово, најпрво го очекува гостување во Москва, а потоа и во Вашингтон.

Српскиот претседател ја предводеше својата партија до убедлива победа на изборите во земја која е во центарот на борбата за влијание меѓу глобалните сили, пишува „Блумберг“.

Охрабрен од бојкотот на опозициските лидери, додека на излезноста влијаеше и стравот од коронавирусот, изборниот резултат е доволен СНС на Вучиќ да ги менува законите во парламентот без пречки, посочува „Блумберг“ и истакнува дека партијата на Вучиќ има посилно мнозинство во парламентот од владејачките партии ширум Европа, освен во Русија и во Белорусија.

Победата ќе му овозможи на Вучиќ да ја засили својата политичка доминација во земјата, која започна кога тој се претвори од огнен националист во про-европски премиер во 2014 година, додека „Блумберг“ објави дека на владата ќе му се даде нов мандат да се справи со тешките прашања од економското закрепнување по коронавирусот, до санирање на односите со Косово и да се движи по безбеден пат за членство во ЕУ.

Најголемата борба на Вучиќ е поврзана со неговиот обид да ја доведе земјата кон ЕУ, посочува „Блумберг“ и додава дека главна пречка е Косово, бидејќи Брисел бара Србија да ги подобри односите со својот сосед како услов за влез, додека Вучиќ мина години спречувајќи го Косово да добие меѓународно признание што е поддржано и од мнозинството Срби.

Но, притисокот за договорот расте, подвлекува „Блумберг“, во кој извештај се вели дека пратеникот на претседателот на САД, Доналд Трамп, Ричард Гренел, го убедил Вучиќ да се состане со својот косовски колега во Белата куќа на 27 јуни. Пред тоа, тој ќе се состане со претставникот на ЕУ, кој се обидува да ги продолжи преговорите под медијација на Брисел, а потоа ќе оди во Русија на средба со неговиот сојузнРојтерс“ и истакнува дека идната влада се соочува со зголемен притисок од ЕУ и САД за официјален Белград да го признае Косово што се смета за клучно прашање за стабилноста на регионотик Владимир Путин.

Српскиот претседател прогласи убедлива победа на својата десничарска партија на парламентарните избори среде ширењето на коронавирусот и бојкотот на дел од опозиција, посочува „Асошиејтед Прес“. Според АП, Србија ќе има едно собрание практично без опозиција и со само три или четири од вкупно 21 партија колку што учествуваа на изборите.

Изборите во Србија беа први национални избори во Европа за време на пандемија на коронавирус и се одржуваа додека земјата продолжува да пријавува десетици нови случаи секој ден, бидејќи целосно ги олесни целосно рестриктивните мерки.

Иако изборите не беа за претседател, Вучиќ доминираше во кампањата преку мејнстрим медиумите што ги контролира, исмевајќи ги своите критичари, соопшти АП, истакнувајќи дека ги отфрли обвинувањата за злоупотреба на неговите формални церемонијални овластувања како претседател, преземајќи ја предноста во кампањата. Наведувајќи го недостигот на услови за слободно и фер гласање и опасност по јавното здравје, неколку големи опозициски групи го бојкотираа гласањето, иако учествуваа неколку помали партии.

Според АП, Вучиќ, поранешен екстремен националист, кратко време бил министер за информации во владата на Слободан Милошевиќ за време на војните на Балканот. Иако тој рече дека сака членство во ЕУ, критичарите предупредуваат дека демократските слободи се еродирале откако неговата партија дојде на власт во 2012 година, додаде агенцијата, а автократскиот претседател ги повика своите приврзаници да гласаат за да добие силен мандат за мировни преговори со Косово со меѓународна медијација.

Александар Вучиќ избори реакции Светски медиуми СНП Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.