Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН: Зголемениот број на заразени со Ковид-19 е предупредување да останеме внимателни

0
By Нова ТВ on June 23, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: unodc.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 23, 2020 12:29

Зголемениот број на инфицирани лица со Ковид-19 во Северна Македонија и во многу други земји е огромно предупредување. Одговорното постапување како колектив започнува со нашето поединечно постапување преку одржување на препорачаното физичко растојание, носење заштитни маски и често миење или дезинфицирање на рацете. Неопходно е да останеме претпазливи и да прифатиме дека и во претстојните месеци постои голема закана од Ковид-19 по нашите животи и општества.

Ова во писмена изјава го истакнува постојаниот координатор на Обединетите Нации (ОН) во државава, Росана Дуџак, која посочува дека олеснувањето на некои мерки не значи дека не треба да се штитиме, туку дека мораме да ги приспособиме начините на кои живееме и работиме – со претпазливост, одлучност и одговорност и покажување солидарност кон другите.

„Имаме апсолутна обврска да продолжиме да ги следиме насоките, кои овозможуваат да се минимизираат ризиците по нашите заедници и проактивно да се одговори на кризата, за да не се стави дополнителен товар на веќе и така оптоварениот јавно-здравствен систем. Системите за јавно здравство се прекумерно оптоварени во последниве неколку месеци и тоа е тест за нашата поединечна и колективна способност да се справуваме со тешки ситуации. Олеснувањето на мерките кои беа воведени ширум Европа и во Северна Македонија, вклучително и отворањето на границите, се прифатени и нудат доза на оддишка, но, истовремено наметнуваат огромна одговорност да ги примениме корисните лекции кои ги научивме последниве неколку месеци – и поединечно и колективно“, вели Дуџак која потенцира дека влијанијата од Ковид-19 се опустошувачки и нè тераат да размислиме за начинот на кој живееме.

Јакнењето на здравствениот сектор, потенцира таа, е еден од најголемите приоритети во Северна Македонија која мора да ги насочи своите заложби и одлучно да инвестира во здравствената заштита за да се зголеми подготвеноста и капацитетот за давање одговор бидејќи од тоа зависи животот на луѓето. Таа истакнува дека инвестирањето во здравствениот систем е нешто кое не важи само за сегашната пандемија, тоа е еден од начините да се подобри квалитетот на живот во земјата и да се обезбеди стратегија за одговор на слични шокови во иднина.

„Кризата послужи и како огромно предупредување за системските јазови и ранливости, како и нееднаквоста која опстојува во нашите општества – меѓу половите и оние кои се економски или социјално маргинализирани. Со ширењето на вирусот видовме неприфатливо зголемена стапка на семејно насилство и злоупотреба, детско запоставување и зголемена дискриминација во општеството и на локален и на глобален план. Способноста за справување и ублажување е во голема мера определена и влошена од постоечката нееднаквост и дека оние кои се оставени да заостанат зад другите се честопати оние кои се најтешко погодени“, вели Дуџак.

Потенцира дека за да може целосно да се разбере сложеноста и сериозноста на влијанијата од Ковид-19 ќе бидат потребни години и години за истражувања и анализи, а разбирањето и справувањето со влијанијата не се сведува само на броење на оние кои се инфицирани или ги изгубиле животите.

„Да сочувствуваме, покажеме емпатија и да не ги заборавиме оние кои се најзасегнати и нивните семејства и пријатели, е тоа што не прави луѓе. Животот мора да продолжи, да ни носи радост и надеж, но, работејќи во насока на закрепнување, мора да останеме претпазливи, одговорни и ефективно насочени кон јакнење на приоритетите за отпорност на нашите заедници. Сите достигнувања на Северна Македонија од независноста досега, ме уверуваат дека оваа прекрасна земја и топли луѓе имаат сила да ја надминат секоја криза. Како и секогаш, семејството на ОН е тука до вас да помогне и да ги слави вашите успеси, порачува Дуџак.

апел Ковид-19 ОН Росана Дуџак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.