Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХК: Работниците кои се ослободени од работни обврски имаат право на целосна плата

0
By Нова ТВ on June 23, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: mhc.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 23, 2020 16:31

Здравствената кризна состојба предизвикана од коронавирусот се претвори и во работничка криза, а најзасегнати групи се хронично болните, родителите на деца до 10 годишна возраст и бремените работнички. Овие вработени, согласно владините мерки, треба да бидат ослободени од работни обврски од работодавачите. Сепак, додека се применува оваа мерка, голем дел од работничките се соочуваат со намалени плати, а некои од нив воопшто не се ослободени од работните обврски.

„Во текот на месец мај, кај нас се обрати група на работнички кои спаѓаат во категоријата на хронично болни лица, поради прекршување на работничките права за време на вонредната состојба. На овие работнички за периодот додека се ослободени од работни обврски им ја намалиле платата, односно им исплатиле плата во износ од 70 отсто. Вакво намалување на платите на работничките кои објективно не можат да ги извршуваат работните обврски е незаконито, влијае врз нивната и егзистенцијата на нивните семејства и претставува злоупотреба на вонредната состојбата предизвикана од пандемијата“, нагласуваат од Хелсиншки Комитет.

Овој случај, како што истакнуваат, го пријавиле во Државниот инспекторат за труд (ДИТ), кој по спроведениот вонреден инспекциски надзор кај работодавачот утврди прекршување на правата на работниците. Работодавачот постапи по насоките дадени од страна на ДИТ, ги отстрани неправилностите и им исплати плата на хронично болните работници во износ од 100 отсто.

Од Хелсиншки ја поздравуваат позитивната реакција на Инспекторатот и ги охрабруваат работниците да продолжат со пријавување на неправилности. Во случај на повреда на работничките права ги упатуваат граѓаните да пријават во Државниот инспекторат за труд на 02 3 116 110. Доколку, пак, лицата не се сигурни дали станува збор за прекршување на рабоптничко право, од Хелсиншки истакнуваат дека стојат на располагање за бесплатна правна помош на телефонските броеви 02 3119 073 и 072 278 436 или преку електронска пошта на helkom@mhc.org.mk, секој работен ден од 09 до 15 часот.

Коронавирус плата Права работници Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.