Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Австралија вади војска на улици за спречување на втор бран на Ковид-19

0
By Нова ТВ on June 25, 2020 СВЕТ
Фото: 7news.com.au
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2020 11:13

Австралиската војска денеска соопшти дека ќе распореди илјадници свои припадници на улиците во некои градови за да спречи втор бран на зараза на коронавирусот. Сојузната држава Викторија бележи зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19, со речиси 150 случаи на ден во текот на изминатата недела и со жариште во Мелбурн.

Иако бројот е сè уште мал во споредба со другите земји во светот, избувнувањето на заразата ја загрижи Австралија чии власти почнаа со олеснување на рестриктивните мерки по, како што оценија, успешното справување со вирусот.

Министерката за одбрана Линда Рејнолдс денеска соопшти дека илјадници војници ќе бидат испратени на улиците на Мелбурн „во наредните денови“. Околу 850 војници ќе ги надгледуваат патниците од странство кои се сместени во карантин во хотелите, додека околу 200 други ќе обезбедат логистичка и медицинска помош на локациите за тестирање, додаде министерката.

Австралиската војска веќе е на терен и ги чува границите на сојузните држави кои се затворени за посетители, но новото излегување на улиците на толку голем број војници е без преседан во кризата со коронавирусот.

Вирусот во вториот по големина град во Австралија се прошири во пошироки семејства, хотел за карантин за странски патници во карантин и во продавница за облека. Австралија на 25 милиони жители до сега регистрира околу 7,500 случаи на зараза, со 103 смртни случаи.

Австралија војска Втор бран Ковид-19 Мелбурн улици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.