НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заложби на Зибери: Менување на химната, албанскиот задолжителен од петто одделение

0
By Нова ТВ on June 29, 2020 ВЕСТИ
Фото: ina-online.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имплементација на консензуално законодавство при одлучување и заедничка одговорност, а со десетте стратешки државни институции заеднички ќе управуваат по еден Македонец и Албанец кои ќе имаат заеднички права за потпишување. Ова, меѓу другото, го нагласи Насер Зибери, кандидат за премиер на ДУИ, при денешната негова промоција на програмата што се одржа пред Владата. Во обраќањето пред присутните тој истакна дека има непартиски план што го оцени како добар за општеството.

Зибери во настапот нагласи дека ќе се залага за еднаква дистрибуција на јавните инвестиции, односно главните економски одлуки (буџет, инвестиции, даноци) на владата да не можат да се носат без поддршка од мнозинството членови на албанскиот кабинет. Една од неговите заложби ќе биде и воведување на задолжителни часови по албански јазик во секое училиште, почнувајќи од
петто одделение, а ќе предложи и 13 август, денот на потпишување на Охридскиот договор, да биде национален ден.

Една од неговите иницијативи, како што рече, ќе биде и менување на химната.

„Предлагам да се постигне консензус за химната на нашата земја, да се рефлектира оваа разновидност, затоа што овој симбол не треба да биде симбол на исклучивост и нееднаквост, туку на сеопфатност и еднаквост“, рече Зибери.

Доколку добие доверба да застане на чело на владата, Зибери најави политика за нула даноци што го образложи со нула данок на добивка за три години за секое вработување што ќе биде прво за лице до 35 годишна возраст и нула даноци за компании за период од три години за секое самовработено лице под 35 годишна возраст.

Зибери ќе се залага и за воведување на флексибилно работно време во текот на неделата и пола работен ден во петок, потоа Закон со кој се забрануваат казина и игри на среќа на поблиску од еден километар од училиштата, од црквите и од џамиите, минимална плата од 600 евра за секоја медицинска сестра, наставник и учител.

„Ова не е збирка на ветувања. Во програмата имам 25 конкретни иницијативи и чекори, како мои приоритети за првите 100 дена од мандатот како премиер. Ова се мои ветувања до вас, граѓаните на земјата. Нема генерички фрази, нема политички пароли, без замоци од песок во воздухот. Но, затоа има конкретни, искрени и достижни мерки што владата
мора да ги преземе што е можно поскоро во областа на економското закрепнување, заштитата на работните места, образованието, развојот на инфраструктурата, правдата и еднаквоста“, рече Зибери.

Посочи дека Македонците не треба да ја гледаат еднаквоста како закана и никој не сака да земе ништо од нив – напротив, еднаквоста ќе им служи на сите и ќе ја придвижи земјата напред.

„Моето силно верување е дека она што е добро за Албанците во оваа земја е добро и за Македонците“, рече Зибери.

ДУИ Избори 2020 кандидат Насер Зибери премиер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.