Американската администрација го откупила, речиси, сето производство на лекот „Ремдесивир“ во светот во наредните три месеци, откако се покажа како ефикасен во лекувањето на Ковид-19. Експертите се вознемирени од едностраниот потег на САД во врска со овој лек, како и пошироките импликации, стравувајќи од фактот што ќе се случи кога ќе се појави и вакцината.
Лекот „Ремдесивир“ првично е развиен против ебола и го произведува компанијата „Џилид Сајенсис“. Тоа е прв медикамент што е одобрен од американската Агенција за лекови за лекување на коронавирусот. Просечната терапија за лекување на Ковид-19 опфаќа шест дози со вкупна цена од 3.200 долари.
Американскиот претседател склучил „одличен“ договор со „Џилид Сајенсис“ за 500.000 дози што претставува речиси 100 отсто од вкупното производство на компанијата во овој месец, 90 отсто во август и 90 проценти во септември, соопшти американското Министерство за здравство.