НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Сите треба да се обединиме против Заев и СДСМ

0
By Нова ТВ on July 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова се избори на кои се бира помеѓу неправдата и криминалот, од една страна и правдата, чесноста, исправена и горда Македонија, од друга страна, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Велес.

„Ова се избори кога одлучуваме за иднината на нашите семејства, избори на кои треба да го обелиме образот на нашите предци, изборот сега на 15 јули е помеѓу неправдата, омаловажувањето и од друга страна правдата и достоинството“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека „овој пат треба да се обединиме и да видиме што можеме ние да направиме за Македонија.

„Затоа ве повикувам на 15 јули да гласате за број 14“, порача Мицкоски посочувајќи дека „не треба да им се верува на оние кои се колнат во жицата, во семето затоа што тие лажат“ и дека доаѓа време на политичари кои ќе одлучуваат заедно со народот.

Тој ги повика и политички неопределените и членовите на СДСМ кои не го поддржуваат сегашното раководство на партијата да застанат зад ВМРО-ДПМНЕ, со цел, како што рече, да се спаси државата.

Мицкоски најави бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, враќање на вредностите во општеството укажувајќи дека во програмата „Обнова на Македонија“ има детали како да се подобри животот на сите полиња и за сите.

„Сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат. Не може неправдата да царува, не може криминалците да бидат главни во општеството, а младите да заминуваат од Македонија“, порача Мицкоски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во Изборната Единица 3 од Велес порача дека 15 јули е ден кога се гласа за чесни и вредни политичари и ден кога ќе се испратат во пензија сите политичари кои спроведуваат погубни политики за Македонија.

„На 15 јули е финалето на една битка за враќање на државата во рацете на народот. Три години гледавме како не треба да се работи како не треба да се води држава. Затоа овие избори се многу важни и треба да го поразиме вирусот на криминал и корупција, вирус кој има име и презиме Зоран Заев“, рече Јанушев.

Според него, оваа власт можела да направи многу повеќе за народот, но ништо не направила и „не мрднала со прст“.

„Ќе направиме и многу повеќе, ќе донесеме закон за потекло на имотот политичарите“, изјави Јанушев, најавувајќи ја програмата „Обнова“ за која рече дека „треба да даде ново светло во Република Македонија“.

ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев Избори 2020 СДСМ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.