Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: За шест години да ги затвориме преговорите и да бидеме членка на ЕУ

0
By Нова ТВ on July 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 9, 2020 17:11

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами одржаа заедничка прес-конференција во Тетово на која ги истакнаа предлозите во поглед на интеграцијата на земјава во НАТО и во Европската Унија (ЕУ). Првиот човек на СДСМ, Заев, истакна дека со нивните политики ги отвориле вратите за НАТО и ЕУ за само три години наместо 11 години на претходната власт.

„Две и пол милијарди европски пари ни стојат на располагање во следниот период. Европски пари за европски стандарди дома, но и за полесно справување со последици од коронавирусот. Подготвени сме, знаеме и можеме да отвориме 80 отсто од поглавјата до 2024 година, а за шест години од сега да го затвориме целиот преговарачки процес со ЕУ и да бидеме нејзина полноправна членка. Ова е нашата понуда за следните четири години. Точно знаме каква држава сакаме да биде Северна Македонија во 2024 година, слободна, деморкатска, европска и интегрирана“, истакна Заев.

Претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами истакна дека големата идеја за Европска Македонија како што ги соединила двете партии пред изборите ќе биде водилка и за наредните четири години.

„Сè што ќе правиме во наредните четири години ќе биде насочено кон интеграција во Европската Унија. Во иднина можеби ќе имаме различни сфаќања за одредени работи, но ќе нè соедини големата идеја за евро-интеграции како што нè обедини претходните три години. Горди сме и покрај тоа што бевме опозиција и не бевме со позиции во Владата бевме активни и сме придонеле за членство на Македонија во НАТО, осигурувајќи го патот кон Европската Унија. Горди сме што успеваме да постигнме и најдеме разбирање со главната политичка партија во Владата, СДСМ, за да направиме уставни промени за доброто на сите граѓани“, истакна Касами.

Двајцата претседатели имаа средба со кандидатите за пратеници од шестата изборна единица, а во текот на денот се предвидни и средби со групи на граѓани.

Беса Билал Касами Зоран Заев Избори 2020 Македонија СДСМ Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.