НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дерковски задоволен од излезноста: Одѕивот на гласање до 17 часот е 38,78 отсто

0
By Нова ТВ on July 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево информира дека излезноста на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 проценти од обработени податоци од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.

„Излезноста, со оглед на целата ситуација, е задоволителна и очекувам до крајот на денот граѓаните да го остварат своето гласачко право“, истакна претседателот на ДИК, Оливер Дерковски на прес-конференција.

Според него, изборниот ден поминува мирно, со мали, спорадични инциденти.

„Се решаават во од сите прашања што се наметнуваат во текот на денот и мислам дека генерално може да бидеме задоволни од сликата што ја имаме за овој изборен ден“, рече Дерковски.

Третата изборна единица и понатаму има највисока излезност од 43,99 проценти, а најниска излезност има во шестата изборна единица.

Како што информира Деркоски, до ДИК пристигнале неколку претставки за евентуално нарушување на изборниот процес и неколку приговори во смисла на повреда на избирачко право и на изборен молк, но, како што посочи, тоа не е нешто посебно што може да го наруши целиот изборен процес.

„Во изминатите часови се појавија одредени написи во медиуми за инциденти, на пример во Липково и Битола, каде по проверка и интервенции се надминале проблемите и гласањето продолжи со несмален интензитет. Гласач кој го сликал гласачкото ливче беше санкциониран од страна на МВР. Исто така гласачка од Битола се обидела да изнесе едно ливче од гласачко место и тоа, исто така, е санкционирано. Таквите и слични инциденти, во соработка на МВР со избирачките одбори и општинските изборни комисии, веднаш се надминуваат, рече Деркоски.

Во споредба со последните парламентарни избори во 2016 година кога одѕивот до 17 часот беше 60,41 отсто, сега излезноста е помала за 21,63 проценти. Во однос, пак, на ланските претседателски избори, сега за 0,59 отсто поголема до 17 часот.

Четвртата изборна единица засега има највисока излезност од 43,99 отсто, а шестата изборна единица и натаму останува со најниска излезност од 29,6 отсто.

Во првата Изборна единица излегле 127.007 гласачи или 41,07 проценти, во втората 118.270 гласачи или 36,98 проценти, во третата 122.182 гласачи или 43,87 отсто, во четвртата – 43,99 проценти или 124.276 гласачи, во петтата до 17 часот гласале 120.184 лица или 38,33 отсто и во шестата 91.678 гласачи или 29,6 отсто.

Висока излезност во првата изборна единица има во Аеродром, во Карпош, во Кисела Вода и во Центар, а во втората во Бутел, во Ѓорче Петров и во Куманово.

Во Третата изборна единица во повеќе општини има солидна излезност, како на пример во Крива Паланка каде одѕивот е 58,7 отсто, по што следуваат Берово, Лозово и Македонска Каменица.

Во четвртата изборна единица висок одѕив има во Дојран, во Демир Капија, во Прилеп и во Струмица, а во петтата во Битола, во Кичево, во Крушево, во Охрид, во Струга и во Ресен.

Во шестата изборна единица поголема е излезноста во Тетово во споредба со Гостивар, а од помалите општини највисок одѕив има во Јегуновце.

гласање Дик Избори 2020 излезност Македонија Оливер Дерковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.