Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Центар на пат да го легализира проектот „Скопје 2014“

0
By Нова ТВ on July 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 18, 2020 14:10

Како Советник во Општина Центар, како совесен граѓанин и како родител одговорен за иднината на следните генерации, се обраќам за да побарам ДУП Мал Ринг да биде повлечен, одново стручно разгледан, а анкетата пред јавноста да биде одложена за период по септември 2020, се вели во барањето на Јана Белчева Андреевска, советник во Општина Центар, упатено со градоначалникот на Општината, до Советот на Општината и до општинската Комисија за урбанизам до кое дојде Нова ТВ и го објавува интегрално.

Овој ДУП е особено значаен за градот, бидејќи со него се дефинира срцето и самиот центар на нашиот град, бара посебно внимание и суптилно решавање и мора да покаже дека е производ на заедничка стручна и јавна расправа, низ демократски, отворен, партиципативен и сеопфатен процес. Закажаната јавна анкета во време на пандемија, во сред лето, но и во политички сензитивен момент кога сите очи се вперени во резултатите од изборите не покажува исчекор од начинот на носење на планови за Центар во време на озаконување на „Скопје 2014“. А, „Скопје 2014“ како најпогубен, но и најкриминален проект не би смееле да го озакониме и потврдиме со нов план за Мал Ринг.

За Мал Ринг наследивме објекти и земјиште кои се нелегално продадени, предмет беа на процеси и обвиненија од СЈО, но и денес се постапки во судови и обвинителства, а и истражувачки лаборатории и студии. Поразително е што со предложениот план ставен на јавна расправа тие законски спорни моменти се потврдени.

Ќе ги набројам само кусо објектите за кои се отворени постапки и дискусии, но сеуште се дел од планот. Тоа се: Шпански скали, Мајка Тереза меморијалниот објект, катната гаража во зеленилото зад Собрание и Дом на АРМ , сите споменици од СК 2014, објектите во коритото на Вардар, па дури и онаа спорна ќебапчилница пред хотел Холидеј Ин. Која е причината да се брза со план за кои има толку многу отворени прашања и постапки? – Ова е план за Зелена престолнина со изгубено зеленило, а без решение за озеленување. План е за стимулирање и привлекување на возила кон центарот на градот нудејќи им паркинг под плоштадот (на 2 нивоа), зад АРМ, зад Министерство за Правда, зад Палома Бјанка, итн., со што ќе трпи протокот на јавниот превоз во и кон Центарот. Може ли ова да е решение за загадувањето кое го трпиме во Центарот?

Центар, а особено Мал Ринг се зона во која поради близината на Вардар и климатските промени може се случат последици по безбедноста на луѓето, јавните и приватните добра. Поплавувањата во подрумските простории на МНТ, Архивот и други ги доживеавме, но решение за отстранување на галиите и другите препреки во Вардар само слушнавме, но не видовме. На планот нема измени од реалната состојба на терен, а мерките за заштита и спасување се повторно наведени само со цитирање на законите.

И денес Центар останува економски и социјално раслоен и со изразени нееднаквости. Овој план не може да придонесе кон надминување на состојбите, напротив, повторно овозможува концентрирање на инвестиции на мал простор, а запоставување на неразвиените населби во центарот. Економските ефекти од ваквото планирање ги живееме, но редно е да ги надминуваме.

Со предложениот план за Мал Ринг се покажува дека локалните власти, ниту надлежните институции не ги разбираат, следат, ниту предлагаат решенијата за одржливи, зелени и отпорни градови и градови по мерка на човекот. Ова е план без визија и без показатели за тоа како сакаме да изгледа Скопје како иден и нов европски главен град. Мал Ринг бара посебно внимание и разработка за да се преобрази во склад со потребите, но и да ги надмине неопходните квалитативни и естетски недостатоци утврдени низ бројни студии и анализи.

Планот не претставува исчекор и планирање на центарот со нови вредности и потреби, тој покажува немоќ за справување со предизвиците. Уште еднаш повикувам да се повлече предложениот ДУП и да се врати на доработка и разгледување од септември 2020.

барање ДУП Мал ринг Јана Белчева-Андреевска Општина Центар проект реакција Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.