НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит на ЕУ: Два дена без договор за Буџетот и Фондот за обнова од Ковид-19

0
By Нова ТВ on July 19, 2020 ВЕСТИ
Фото: voanews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерите на Европската Унија(ЕУ) и по вториот ден од маратонските преговори во Брисел не успеаја да постигнат договор за пакетот за економско опоравување што вклучува седумгодишен заеднички буџет и Фонд за обнова од последиците од кризата со Ковид-19. Дводневниот самит во Брисел, според најавите, ќе продолжи денеска, кога се очекува нов компромисен предлог од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој вчера излезе со нов предлог на самитот на ЕУ за трансфер на 50 милијарди евра од грантови на заеми од предложениот фонд за обнова на ЕУ. Се очекуваше вкупниот износ на Фондот да остане на 750 милијарди евра, но нивото на грантовите да се намали на 450 милијарди евра од предложените 500 милијарди евра, отстапка во согласност со барањата на т.н. „штедлива четворка“ – Австрија, Данска, Холандија и Шведска.

Мишел, исто така, понуди компромис за управување со фондот, во обид да ја убеди Холандија да го потпише договорот. За да ги намали грантовите, тој предложи кратења на неколку буџетски програми, вклучително и „Хоризонт Европа“ за две милијарди евра, здравствената програма за 2,7 милијарди евра и финансирање на рурален развој за пет милијарди евра. Покрај тоа, планираното финансирање од 26 милијарди евра за поддршка на солвентноста на компаниите ќе биде укинато.

Доколку и денеска не се постигне договор, лидерите на ЕУ треба повторно да се состанат во Брисел на 27 и 28 јули.

ЕУ Корона-криза Самит Фонд за обнова Шарл Мишел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.