НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рангелова: Никој не верува дека Мицкоски може да состави влада

0
By Нова ТВ on July 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Даниела Рангелова, пратеничка во последниот собраниски состав од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна висока функционерка во партијата, јавно го повика лидерот да си поднесе оставка. За време на гостувањето на ТВ 24, таа додаде дека никој од членството на партијата не верува дека Мицкоски може да состави Влада, како што си калкулира врвот на партијата.

„Вака веќе не може. Мора да си ја вратиме партијата на членовите. Мицкоски треба да замине ако не направи влада. Еве, не сакам сега да зборувам, нека се остави шанса да видиме при вакво неспособно СДСМ, со толку слаби кадри, со толку лоша економска политика, лоши политики во образование, ние да не можеме да се одвоиме од СДСМ, односно да губиме со вакви катастрофални резултати е навистина засрамувачко. Христијан, во најмала рака, треба сам да си поднесе оставка без никакви притисоци. И доцна е сега да го носи Статутот“, изјави Рангелова.

Според неа, Мицкоски веќе нема оправдување да избегнува одговорност за загубените избори. Неговата одговорност, според Рангелова, е во неуспехот да ги смени политиките на партијата кои ги почна неговиот претходник Никола Груевски, но и да се дистанцира од неговите кадри. Така, според неа, на овие избори партијата не знаела кому му се обраќа.

Од една страна пораките за цврст став за договорите со Грција и со Бугарија биле насочени кон „цврстото“ членство, а од друга ВМРО-ДПМНЕ ги предложило Гордана Силјановска (министерка во време на СДСМ) и Сафет Бишевац (пратеник во коалиција со СДСМ) за пратеници. Според Рангелова, Мицкоски повеќе се трудел да собере незадоволни гласачи на СДСМ, т.н. бранковисти, отколку да си ја консолидира партијата. На прашањето, дали Мицкоски бил во комуникација со Груевски, Рангелова кажа дека не знае, но дека било очигледно дека „се е исто, само него го нема“.

„Доколку ги следите политиките, ќе видите дека тие не се променети. Дури и да не комуницира со Груевски, Мицкоски во најмала рака можеби требал нешто да смени. Во најмала рака барем кадрите, политиките, начинот на делување. Јас не гледам разлика во делувањето. Дури и на состаноците кога имавме Извршен комитет и Централен, исто толку се доцнеше како во времето на Груевски. Знаеја да кажат членовите – се е исто само него го нема. Но, има една друга работа. Груевски со сите маани негови и грешни политики, за кои на крај мислам дека беше свесен дека ги правеше, тој знаеше да мобилизира добри кадри. И кога ние вака меѓу членовите зборуваме дека знаеше тој што треба да го стави на вистинска позиција и да извади максимум од него. За разлика, Мицкоски и тоа не знае да го направи“, тврди Рангелова.

Говорејќи дека ВМРО-ДПМНЕ мора да се демократизира, таа кажа и дека од времето на Никола Груевски, претседателот на партијата не ги слуша Извршниот и Централниот комитет, туку се потпира на неколку советници околу него. Според неа, еден од „гревовите“ на Мицкоски е што дозволил едни исти луѓе да бидат во тој круг.

„Антонио Милошоски, Александар Николовски беа луѓето кои секогаш беа до Груевски, кои сега слушам дека ги критикуваат политиките на Груевски. Навистина е чудно, ако никогаш не сте се осмелиле да излезете и да кажете нешто против тие политики, сега да кажувате дека нешто тогаш било погрешно. А очекувам и во периодот што следи истите луѓе да кажат и дека ова што го правел Мицкоски не било добро. Јас ги ценам мислењата на сите членови на Извршниот и на Централниот комитет кои биле различни и кои знаеле  да кажат стоп“, изјави Рангелова.

Иако остави простор Мицкоски евентуално да се обиде да прави Влада, таа порача дека никој во партијата не верува во математиката на раководството – дека изборите всушност ги добил ВМРО-ДПМНЕ.

„Разговараме меѓу себе дали некој верува во тоа дека Мицкоски може да направи влада и да ги одземе гласовите на СДСМ, да биде победник заради тоа што коалицирале со БЕСА? – СДСМ одлучил пред изборите да коалицира со албанска партија. Истата можност ја имал и Христијан Мицкоски. И на крај, ако сега прави влада Христијан Мицкоски, кои се црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ? – Ако терате една кампања „Името не го даваме“, „Тиранска платформа“, „Кантонизација“, „Ќе ја спасуваме државата“ – во кого вие сега гледате потенцијал да коалицирате? – Во ДУИ од каде викаат дека ако не го признаат Преспанскиот договор не сакаат да разговараат? – Истото е со Алијанса, истото е и со ДПА која има еден пратеник. Или можеби со Левица во чија програмата пишува дека ќе треба да се тргне името ВМРО, да го нема во името на ниту една политичка партија“, изјави Рангелова.

Влада ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова Избори 2020 оставка повик Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.