НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли пилот во авионот?

0
By Нова ТВ on July 22, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ахмети бара извинување од Заев, лидерот на СДСМ е на одмор, ВМРО-ДПМНЕ не верува во резултатите од ДИК, чиј претседател е нивен член и предложен од нив. Фрчат тужби до Управниот суд, се разменуваат навреди меѓу двете најголеми партии во македонскиот блок, но и обвинувања за кражба на гласови меѓу партиите во албанскиот блок. Во ваква атмосфера тече постизборниот период во земјата, пишува „Дојче Веле“, а нови вербални рафали беа разменети и по оценката на Извршниот Комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ, дека изборите се одржале во недемократска атмосфера и со масовен поткуп на гласови.

Кој е аутсајдер?

Партијата на синоќешниот Централен Комитет (ЦК) го потврди овластувањето што партискиот претседател Христијан Мицкоски го доби на Извршниот Комитет (ИК) да продолжи со разговори во обид за составување на ново парламентарно мнозинство.

„Извршниот Комитет заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци на денот на изборите срочени во приговорите до ДИК кои беа одбиени, а кои ќе се преточат во тужбено барање до Управниот Суд. Во вакви околности ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од народот во најголем број на општини, и воедно издејствува поголем број на мандати споредено со партијата СДСМ без коалицијата со БЕСА“, соопшти партијата.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се изгубени и во просторот и во времето, одговорија социјалдемократите.

„Мицкоски губи трети избори по ред и сè уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад. И Мицкоски и ИК на ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со лажни приказни, со креирање лажна реалност можат да ги излажат граѓаните. Мицкоски единствено за што може да преговара е за столчето во белата палата, зошто и тоа му е климаво. Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен аутсајдер и затоа најдобро е да оди надвор од политиката, бидејќи граѓаните јасно му го покажаа патот“, беше наведено во реакцијата на СДСМ.

.Пинг-понг партијата со реакции не заврши тука.

„Единствениот аутсајдер е Зоран Заев кој ја убедуваше јавноста дека ќе победел со 120.000 гласови разлика. Колку френетично се занимава со состојбите во ВМРО-ДПМНЕ, толку појасно кажува дека му доаѓа крајот. Заев не успеа да се спаси ниту со целиот поткуп од 100 милиони евра, агитација во време на молк и заканите кои неговите партиски пајташи ги упатуваа кон граѓаните“, одговори ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај декларираната грижа за здравјето на граѓаните, ваквата атмосфера ги става во длабока сенка билансите на заразени од Ковид-19, но ги вади на површина сите несоодветни однесувања и недостигот од политичка култура кај партиските субјекти во земја која треба да ги почне преговорите со Европската Унија (ЕУ).

Услови и подотворени врати

Нервозата расте најмногу поради изборните резултати. Тие не навестуваат лесно обезбедување мнозинство за формирање на новата Влада, бидејќи можностите зависат од условувања и црвени линии, меѓу кои најдоминантен е условот на ДУИ за „прв премиер Албанец“. Партискиот лидер Али Ахмети деновиве ја презентира и преку интервјуа за странски медиуми, а во последното за косовската телевизија „Т7“ го повтори истиот став.

„Албанците имаат право исто колку и Македонците и сé додека премиер може да биде Македонец зошто не би бил и еден Албанец“, изјавил Ахмети.

Кандидатот за таа функција, Насер Зибери и самиот вели дека условот останува, но не се затворени сите врати.

„Ахмети не ги затвора сите врати, но останува засега на заложбата јас да бидам мандатар. Се разбира дека не се исклучуваат сите опции, впрочем продуктот создавање парламентарно мнозинство е резултат на преговори, но неговите аргументи одат во насока јас да бидам мандатар, од причина што претседателот на државата е Македонец, претседателот на Собранието би бил Македонец, и многу носители на јавни функции“, посочи Зибери за „Утрински брифинг”.

Според него, ДУИ смета дека би било добро да продолжи соработката со досегашниот коалициски партнер со кој, како што рече, се затворија отворени прашања со соседите. Сепак, потенцираше дека тоа не значи дека се исклучува можноста и за соработка со друг партнер.

„Не дај Боже и да се поништат Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот, Договорот за добрососедство со Бугарија и други елементи кои одат во функција на градење ваква политика со вакви определби. Овие прашања се темел за градење на иднината на земјата, тука нема простор за преговори“, изјави Зибери.

Во однос на ова прашање, ДУИ нема голем избор на другата страна од политичкиот спектар. ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот договор повторува дека ја признава реалноста, но ќе напрви сè за да ја промени, но Левица која освои два пратенички мандата и Бујар Османи ја сместува во мандатен пакет заедно со ВМРО-ДПМНЕ, има многу децидни ставови за сите досегашни договори.

Левица со список на „поништувања“

Во изборната програма, во делот посветен на Политичкиот систем и администрацијата, Левица вети: „Поништување на т.н. Преспански договор и бришење на погрдниот назив „Северна“ од Уставот. Укинување на Охридскиот рамковен договор како извор на консоцијалниот (сегрегирачки) етничко-трибалистички карактер на политичкиот систем на Македонија и враќање на чисто мнозинскиот карактер, со практикување на демократијата како стандард за современите демократски заедници”.

Преспанскиот договор Левица го третира и во делот за надворешната политика.

„Поништување на т.н. Преспански договор со Грција и на криминалните илегални уставни амандмани произлезени од истиот (поради непочитување на правото на самоопределување); Ревидирање на Договорот за добрососедство со Бугарија, поради историски ревизионизам и рехабилитација на фашизмот; Отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја; Издигнување на билатералните односи со НР Кина на ниво на стратешко партнерство, со фокус на инфраструктурно поврзување; Признавање на независноста на Палестина, Каталонија и Баскија“, се вели во праграмата.

Во делот од програмата посветен на Меѓународните односи и организации, Левица се залага за „Итно отчленување од НАТО, поради непочитување на уставната процедура за влез во воен „сојуз“ со други држави, како и непочитување на волјата на народот изразена на Референдумот од 2018 година“.

Левица се залага за „поддршка на зачленувањето на Македонија во Европската унија, со инсистирање во процесот на преговори Македонија да биде индивидуално вреднувана, без ставање во пакет со други земји”.

Но, она што ја оддалечува оваа партија од можноста за евентуално коалицирање со партии од албанскиот блок, се уште неколку изборни заложби: „Поништување на двојазичноста, како резултат на октроираната т.н. Тиранска платформа, и враќање на јазичните права на малцинствата во рамки на Уставот; укинување на „правичната застапеност“ и позитивната дискриминација по етничка основа и нејзина замена со позитивна дискриминација по социјална основа”.

Дополнително, во делот од програмата посветен за Обвинителство, Левица ветува „процесуирање на незастарливите т.н. Хашки случаи од 2001 година (Мавровски работници, Водството на ОНА и др.), како најтешки кривични дела извршени против човечноста и меѓународното хуманитарно право, како и „кривичен прогон против сите учесници во илегалната и шверцерска промена на уставното име Република Македонија (премиер, министер за надворешни работи, пратеници, обвинители, судии, новинари, активисти и др.)“.

ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Избори 2020 Левица Насер Зибери Препукувања СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.