Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шведски лекари и научници: Не одете по нашиот модел против Ковид кој е пример како не треба

0
By Нова ТВ on July 25, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 25, 2020 09:58

Шведскиот пристап во борбата против Ковид-19 не успеа. Тоа што се надеваа дека со „имунитетот на стадо“ ќе го запрат вирусот очигледно не функционира. Тоа е заклучок на 25 шведски лекари и научници објавен во текст во американскиот весник „УСА Тудеј“ .

Во него се потсетува дека Шведска за време на пандемијата со коронавирусот го привлече светското внимание поради својот „мек“ пристап во борбата против смртоносниот вирус, со отфрлување на вонредни рестриктивни мерки и препорачаните самоиницијативни ограничувања и употребата на маски. Мотивите за одлуката на шведската агенција за јавно здравје да примени „мек“ пристап и денес делумно се мистерија.

Некои други земји, кои на почетокот ја користеа оваа стратегија, се откажаа од неа, бидејќи бројката на смртни случаи се зголемуваше, меѓутоа Шведска остана верна на својот модел, а прашањето е поради што? – За стекнување колективен имунитет потребно е голем дел од популацијата, пожелно млади луѓе да се заразат.

Ова, меѓутоа, не беше официјална цел на Шведската агенција за јавно здравје, но, сепак, јавно изречен став дека овој вид на имунитет може да помогне во сузбивање на ширење на болеста така што сè укажува на тоа оти сепак тоа беше целта која агенцијата сакаше да ја постигне.

Уште еден доказ во прилог на ова е што агенцијата инсистира на задолжително школување на децата од пониските одделенија, дека веќе подолго време ја намалува важноста на тестирање и оти одби да го признае значењето на асимптоматското ширење на вирусот. Оваа јавна здравствена установа и натаму не препорачува носење маски во јавност и покрај сите докази за нивната ефикасност.

Без разлика дали „имунитетот на стадо“ е цел или споредна појава во шведската стратегија, остануваат фактите и постигнатите резултати кои се многу лоши. Според сознанијата на агенцијата, проценето е дека под 10 отсто Швеѓани имаат антитела на коронавирусот, така што идејата за „имунитет на стадо“ не успеа.

Во Шведска бројот на починати е поголем отколку во Америка, таму на 20 јули се регистрирани 556 смртни случаи на еден милион жители, а во САД 425. Веќе неколку недели Шведска е меѓу водечките земји во светот и кога е во прашање стапката на смртност. Досега во земјата се регистрирани близу 80.000 заболени од Ковид-19, а како последица на болеста починаа речиси 5700 луѓе.

И покрај сето тоа, официјалната државна стратегијата, де факто останува иста. Можно е дека Агенцијата за јавно здравје навистина верувала оти нејзиниот пристап е најсоодветен и одржлив, како и дека во другите земји во кои се воведоа остри рестриктивни мерки, ќе се случи полошо сценарио, па затоа и се откажа од воведување сериозни ограничувања. Можеби неподготвеноста да се признае грешката и да се преземе одговорност за илјадниците мртви е главната причина што постои отпор да се воведат фундаментални промени.

„Во Шведска оваа стратегија доведе до смрт, страдање и тага, а пред сè нема назнаки дека националната економија мина подобро отколку во другите држави. Во моментот на остатокот од светот му дадовме само пример како не треба да се бори со смртоносната заразна болест. Се надеваме дека наскоро ќе биде откриена вакцина, а дотогаш држете се и не ја применувајте шведската стратегија“, порачаа шведските научници.

„Имунитет на стадо“ борба Ковид-19 лекари Модел научници Порака Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.