НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Се подготвуваме за Ковид наесен, се надеваме дека ќе избегнеме полошо сценарио

0
By Нова ТВ on August 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Евентуално полошо сценарио сo Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување на болниците со пациенти и тоа да не може да се изменаџира. Ова сценарио, како што вчера нагласи министерот за здравство Венко Филипче, би можело да се избегне, но доколку се случи, здравствените власти ќе го дочекаат подготвени.

Вториот бран на вирусот, според Филипче, бил резултат на непочитувањето на мерките за заштита. Тој смета дека мора да има санкции онаму каде што не се почитуваат мерките. Изминатиот период, како што рече, имаше потфрлувања, не се контролирале луѓето и местата каде се организирале настани. И граѓаните мора да се свесни дека мерките треба да се почитуваат за да го заштитат сопственото и јавното здравје.

За секој еден пациент со Ковид-19, Филипче тврди дека е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставување на респираторна машина и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина. Тој вчера соопшти дека во следните недела до две ќе се знае и дали градинките и училиштата ќе почнат со работа од септември. Веројатноста, како што рече, е голема, но да се усогласат сите протоколи.

Во земјава вчера беа регистрирани 113 нови случаи со Ковид-19. Од нив во Скопје – 35, во Штип – 23, во Гостивар – 15, во Куманово – 12, во Битола – 7, во Охрид – 6, во Тетово – 5, во Кочани и во Демир Хисар по два, а во Прилеп, во Струга, во Пробиштип, во Македонски брод, во Валандово и во Виница по еден случај.

Починаа шест пациенти – тројца од Скопје на возраст од 64 години, од 22 години, односно 83 години и по еден од Куманово на возраст од 72 години, од Струга на возраст од 48 години и од Охрид на возраст од 75 години. Дваесет и двегодишниот пациент од Скопје, како што соопшти вчера Министерството за здравство, имал Даунов синдорм. Тој бил примен во болницата „8 септември“ на 16 јули во тешка општа состојба.

Во вчерашниот извештај беа евидентирани 259 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 103, од Штип – 75, од Тетово – 31, од Гостивар – 19, од Куманово – 13, од Свети Николе – 4, од Битола, од Кавадарци, од Кочани, од Пробиштип, од Кратово и од Ресен по двајца и од Демир Хисар и од Дебар по еден пациент.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 септември“ се хоспитализирани вкупно 78 пациенти од кои на респираторна машина се тројца.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип – 48. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 120 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а бројот на активни случаи во земјата во моментов изнесува 3.402.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 1.231 од кои во општина Чаир – 164, во Аеродром – 139, во Кисела Вода – 129, во Гази Баба – 121, во Карпош – 110, во Центар – 101, во Шуто Оризари – 100, во Бутел – 80. По главниот град, најмногу активни случаи во земјава има во Штип – 381, потоа во Гостивар – 283, во Куманово – 260, во Струга – 187, во Тетово – 186, во Свети Николе – 130, во Дебар – 117 и во Кичево – 109. Досега во земјата се направени вкупно 109.946 тестирања на Ковид -19.

Венко Филипче Втор бран епидемија здравство Ковид-19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.