НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Преговори за нова влада: Во следните денови се очекува да биде постигнат договор?

0
By Нова ТВ on August 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Арбен Таравари од Алијанса за Албанците смета дека коалицијата СДСМ-ДУИ-ДПА е веќе договорена и дека ДУИ воопшто и не разговарала за премиер Албанец.

„Учесниците во преговорите се свесни и во целост ја разбираат итноста и потребата за постизборна консолидација на институциите и очекуваат дека во следните денови ќе биде постигнат конечен договор“, се вели во партиско соопштение на СДСМ, по вчерашното продолжение на преговорите меѓу социјалдемократите и ДУИ на ниво на генерални секретари за парламентарното мнозинство што треба да ја формира новата влада.

Во соопштението на СДСМ нема детали за клучното барање на ДУИ – премиер Албанец. Само се посочува дека се работи на усогласување на победничките изборни програми на двете партии и на четиригодишна програма за работа на идната влада која во целост ќе биде посветена на економијата, на правдата, на еднаквоста и на интеграциите.

„Во тек е распределбата на одговорностите според ресори во идната коалиција, процес во кој е постигнат добар напредок и начелни согласности. Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат. Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Завршена работа?

Во другите партии на Албанците чекаат да ја видат реализацијата на клучното ветување со кое ДУИ освои најмногу гласови, но не веруваат дека тоа ќе се оствари. Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и висок функционер на Алијанса за Албанците, вели дека ДУИ воопшто и не разговарала за премиер Албанец и дека коалицијата е веќе договорена, а она што сега се презентира е само „театар“.

„Согласно информациите кои ги имаме ние, можам да кажам дека веќе има коалиција меѓу СДСМ-ДУИ-ДПА со мнозинство од 62 пратеника. Зошто велам дека прават театар? – Бидејќи СДСМ вети дека нема да формира влада со ДУИ и дека се срами да биде со ДУИ во влада. ДУИ вети дека ќе има премиер Албанец, а сега прифатија да влезат во влада без премиер Албанец. Всушност, дури не е ни разговарано за премиер Албанец, така што ДУИ ќе влезе во влада без услови, само за да ги заштити криминалците од своите редови. Ова е информацијата која ја поседуваме. Ние неколкупати му рековме на господинот Ахмети и продолжуваме да го повторуваме истото: дека со нашите 12 пратеници безрезервно ќе го поддржиме ако настојува во разговорите со која било македонска партија, било да е СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, да има премиер Албанец. Даваме безрезервна поддршка, но само за она што тој го рече – да има премиер Албанец четири години“, потенцира Таравари во изјава за ТВ „21“, додавајќи дека се неприфатливи пазарења за премиер Албанец за една година.

ДУИ се сомнева дека има паралелни преговори

Недоверба кон опонентите викендов искажа и ДУИ, откако лидерите на парламентарните партии на Албанците не се одзваа на поканата на Ахмети за заедничка средба на 19 годишнината од Охридскиот договор. Во тој чин партијата на Ахмети гледа повеќе мотиви, меѓу другото и за уривање на нејзината преговарачка позиција.

„Напуштањето на Заедничката тркалезна маса од страна на албанските парламентарни партии и стоењето во ходниците на седиштата на македонските партии на оние кои ги загубија изборите на 15 јули е продолжение на поделбата на Албанците, дефокусирање од поразот и слабеење на преговарачките позиции на албанскиот победник на парламентарните избори“, реагираше ДУИ.

Според интегративците, тие партии се обидувале својот партиски неуспех да го претворат во неуспех на сите Албанци, со тоа што ќе стојат на ред во ходниците на македонските партии, а со единствена цел – да не дадат одговорност пред партиските тела за нивниот континуиран неуспех.

„Ние во ДУИ ќе продолжиме да ги каниме да се обединат затоа што обединувањето во здрава и национална опозиција е во интерес на сите. Оваа определба, ДУИ и Ахмети ќе ја продолжат и покрај пречките за создавање на достоинствена опозициска алтернатива која нема биде заслепена од желбата за власт“, соопшти партијата.

Од коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива бараат одговор на што ги темели ДУИ тврдењата дека другите партии стојат во ходниците на седиштата на македонските партии.

„Ако тие сметаат дека ние се шетаме по ходниците на македонските партии, нека ни кажат макар еден пример за тоа. Каде отишла АА/А да преговара паралелно со ДУИ? – Ако мислат дека не е во ред да комуницираме со другите партии, тогаш тоа не е нормално. Не можеме да седиме и само да молчиме. Ниту еден функционер од Алијанса или Алтернатива нема отидено во ходниците на некоја партија. Немаме прифатено да преговараме без да завршат преговорите со ДУИ. Ние не ги загрозуваме позициите на ДУИ. Напротив, во ветувањето за премиер Албанец им помагаме да имаат посилна позиција, да не зборуваат во името на 15, туку на 27 пратеници. Но, рековме – ако не успее да го исполни ветувањето за премиер Албанец, тогаш нека го отвори патот, бидејќи 18 години ги лаже Албанците, и време е да им даде можност на оние кои можат да обезбедат 61 пратеник без ДУИ“, изјави Таравари.

Арбен Таравари Влада ДУИ мнозинство парламент преговори СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.