Создадовме влада која ќе служи на граѓаните и ќе ги следи нивните потреби, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својот Фејсбук профил.
„Новата влада ќе има седум министри помалку, за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните и државата“, нагласи Заев во постот на социјалната платформа и повика на „двојно поголем ангажман на секој од нас за целиот народ да добие многу повеќе. Ќе работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите“.