Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика родителите да ги испратат своите деца на училиште во септември, објаснувајќи дека тоа ќе биде клучниот чекор во закрепнување на земјата и нејзината економија од ефектите од пандемијата со Ковид-19.
„Ризикот за заразување на децата со Ковид-19 во училиште е многу мал и многу е штетно за нивниот развој и здравје да не одат на настава“, рече Џонсон.
Затоа, додаде тој, клучно е децата да се вратат во училниците за да учат и да бидат со другарите, пренесуваат британските медиуми.
„Ништо нема да има поголем ефект врз животните шанси на нашите деца, отколку да се вратат на училиште“, рече британскиот премиер.