Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК: Нема санкции за повлечениот депозит на Ангеловска од „Еуростандард банка“

0
By Нова ТВ on August 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 24, 2020 13:43

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) не утврдува кривична одговорност, меѓутоа од етички аспект го покренува прашањето од високо ниво и ќе препорача доуредување на прописите, особено меморандумот за соработка помеѓу Народната банка, Министерството за финансии и останатите регулаторни тела со додавање на уредби со кои ќе се регулира судирот на интереси, ќе се предвиди како тој да се спречи, пред сè оној момент каде што се кажува дека одредени носители на функција имаат можност да располагаат со информации и истите да ги искористат за себе или да обезбеди корист за некој друг.

Ова денеска го соопшти Билјана Ивановска, претседател на ДКСК по седницата на која бил разгледуван предметот за можен судир на интереси со стечајот на Еуростандард банка и депозитот на министерката за финансии, Нина Ангеловска. Таа додаде дека заклучокот е донесен врз основа на целокупната документација прибавена од Министерството за финансии и од Народна Банка.

„Со стапување на функцијата, министерката за финансии по службена должност располагала со информации и податоци за движењата на банкарскиот и на финансиските пазари и имала можност да ги дознае податоците поврзани со банката чиј клиент била, а не биле достапни на другите штедачи во таа банка. Тие податоци можеле да имаат влијане и врз носењето на нејзината одлука поврзана со депозитот во таа банка, со што таа имала предност пред останатите штедачи во банката“, изјави Ивановска.

Прв документ, според Ивановска, на кој стои дека се разговарало за ситуацијата во Еуростандард Банка, бил записникот од 4 јуни.

„Претходно можеби се разговарало, можеби не, битно е дека самата функција и обезбедува можност да дојде до информации кои се однесуваат на нејзините средства во таа или во која било друга банка. Ние не покренуваме некаква санкција против министерката, но сакаме да го истакнеме етичкото прашање кое е многу битно“, изјави претседателката на ДКСК, додавајќи меѓу другото дека сомнежот очигледно е дека постои.

Ивановска посочи дека во периодот на министерување на Ангеловска се одржани два состанока на Комитетот за финансиска стабилност на 19 март и на 30 април, а записниците, подвлече, упатуваат дека се разговарало за Еуростандард банка.

Таа како значајно го потенцира тоа што Владата по препорака на ГРЕКО има донесено етички кодекс во кој е дефинирано дека членовите на владата и носителите на јавни фукнции посебно треба да водат сметка за почитување на Законот за судир на интереси, но и да избегнат сомнеж за постоење судир на интереси, бидејќи, како што вели, јавноста се сензибилизира по ова прашање.

Меѓу другото посочи дека Законот за Народна Банка во членот 43 предвидува дека одржување редовни состаноци, а се информираат меѓусебно односно комуницирањето е уредено и со меморандум, кој во април е дополнет и доуреден. Ивановска информира дека за ДКСК ќе биде приоритет донесување на Закон за потекло на имотот.

Билјана Ивановска Депозит ДКСК Еуростандард банка Нина Ангеловска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 15, 2026Updated:May 15, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

ВЕСТИ May 15, 2026

Официјалната тридневна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, која воедно е и прва…

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.