НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Заштитено јавно здравје, одржана економија, остварени перспективи, фер избори

0
By Нова ТВ on August 27, 2020 ВЕСТИ
фото: архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното здравје е заштитено, економијата е одржана, меѓународните перспективи се остварени, спроведени се фер и демократски избори. Преодната Влада во заминување во овој, речиси, деветмесечен мандат успешно одговори на предизивиците со кои беше соочена и отвори пат за новата влада, изјави на денешната прес-конференција техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

„Со мене ќе понесам многу корисни искуства од функционирањето на оваа влада, дека во моментот кога ќе прифатиме дека постојат предизвиците и ефикасно ќе ги дефинираме, ние веќе сме отишле до пола пат за нивното решавање. Благодарам на можноста да служам како премиер на Владата во овие девет месеци“, изјави Спасовски.

Во само девет месеци, посочи тој, Република Северна Македонија стана члена на НАТО и доби датум за почеток на преговори со ЕУ, до кои, како што рече, се дојде со мудрите и правилни одлуки на претходниот и иден премиер Зоран Заев.

„Почетоците на пандемијата бараа брзи и одлучни чекори. На секој болен му е пружена здравствена заштита, секој граѓанин и во услови на затворени граници доби можност да се врати дома. Работевме и сè уште работиме на тоа ниту еден граѓанин да не остане без егзистенција. Ги поддржавме и поддржуваме граѓаните и бизнисите за опстанок преку трите сета бизнис мерки. Се подготвува четвртиот сет мерки со кои ќе биде проширен опфатот на граѓани“, истакна Спасовски.

Продолживме, нагласи тој, со тригодишната пракса на спроведување на избори во фер и демократска атмосфера во кој граѓаните направија слободен избор и дадоа поддршка за прогресивната опција.

„Одговоривме на должноста за одржливост и перспективи како преодна Влада преку 82 отворени седници и девет затворени седници. Три состаноци на економскиот совет, 121 седница на главниот Координативен кризен штаб“, изјави Спасовски.

Спасовски, исто така, изрази благодарност до здравствени работници и сите кои учествуваа во успехот на здравствениот систем, како и до полицијата, Центарот за управување со кризи и меѓународните партнери за поддршката во справување со пандемијата. Изборот на новата влада е закажан на седница на Собранието в сабота на 29 август.

економија избори јавно здравје Македонија Оливер Спасовски Перспективи Предизвици Техничка Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.