НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најава од јануари: Задолжително пензионирање на 64 години, односно на 62 години

0
By Нова ТВ on August 31, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од наредниот месец треба да почне процесот за донесување на нов закон за пензионирање согласно кој во пензија ќе мора задолжително да одат сите лица со навршени 64 години. Исклучок од ова се здравствените работници – лекари и медицински персонал, како и кадри од областа на високото образование.

Како што најави денеска премиерот Зоран Заев, законот треба да почне да се применува од јануари наредната година. Според податоците кои ги добил од МИОА, во моментот има околу 10.300 лица на возраст над 64 години, а сè уште се во работен однос.

„Вака ќе отвориме простор за младите и перспективни кадри кои ќе може да движат напред. Законот е замислен да биде задолжително пензионирањето на 64 години, односно 62 години за жените, освен за вработените во здравство, лекари и медицински персонал и за високото образование. Секако ова ќе мине во конуслтатиции со синдикатите и со коморите, да видиме што правиме со одредени дефицитарни струки за да не се создаде недостиг на кадри“, рече Заев по средбата со стопанските комори.

Тој истакна дека пензискиот систем е стабилен и оти може да ги апсорбира евентуалните идни пензионери.

„Ова е процес што ќе биде отворен од септември, да има конечна примена од 1 јануари, а конечната цел е да се даде шанса на младите кадри и тоа не само за јавната администрација,  туку и во приватниот ектор. Ова, исто така, ќе овозможи и да се намали јавната администрација, секако и конечно да се подобри квалитетот на работење“, рече премиерот Заев.

Тој истакна дека дефицитарни кадри и натаму ќе може да се ангажираат, исто како што ќе може да се ангажираат и искусни советници доколку е тоа потребно.

закон Зоран Заев Комори најава пензионирање средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.