Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можна нова коалициона влада во Израел: Дали ова е крајот на 12-годишното владеење на Бенјамин Нетенјаху?

0
By НОВА ТВ on May 31, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 31, 2021 15:11

По неговите 12 години како премиер на Израел, можно е конечно да дојде крај на владеењето на Бенјамин Нетејаху од десничарската партија Ликуд. Нафтали Бенет, лидерот на крајно десничарската партија Јамина (што во превод значи „десница“), вчера објави дека планира да се придружи кон анти-Нетенјаху коалицијата која е предводена од центристичката партија Јеш Атид.

Јаир Лапид, лидернот на Јеш Атид, доби мандат од 28 дена за да формира влада, но ова беше привремено оддолжено кога почна ескалацијата на нападите врз Газа од страна на израелските сили. За време на 11-дневниот напад врз Газа, беа убиени 253 Палестинци, од кои 66 беа деца, наспроти само 12 луѓе (меѓу кои и две деца) кои беа убиени од ракети истрелани од милитантната палестинска група Хамас. Исто така беа повредени над 1 900 Палестинци во нападите и беа уништени и оштетени делови од клучната инфраструктура во Газа, како единствениот центар за тестирање за Ковид-19 регионот каде живеат повеќе од 2 милиони луѓе.

Предложената коалиција на Јаир Лапид, кој би бил потенцијалниот нов израелски премиер, би обединила фракции од десницата, левицата и центарот на израелската политика. За сега еден од потенцијалните коалициони партнери на Лапид, арапската исламистичка партија Раам, ги прекина разговорите заради случувањата во Газа. Можно е оваа коалиција да биде прилично нестабилна заради огромните идеолошки разлики помеѓу партиите; една од малкуте работи кои ги обединува овие партии е нивната опозиција кон Нетенјаху.

„Какво влијание ќе има тоа врз спречувачката способност на Израел? Како ќе изгледаме на нашите непријатели? Што ќе кажат тие во Иран и Газа?“ изјави премиерот Нетенјаху.

„Не формирајте левичарска влада – таквата влада е опасност за безбедноста и иднината на Израел,“ додаде Нетенјаху, иако потенцијалната коалиција нема да има само лево-ориентирани партии туку партии од различни делови од политичкиот спектар, како на пример крајно десничарската Јамина.

Во март, 2019 министерката за правда Ајелет Шакед која сега е дел од партијата Јамина објави сатирична реклама каде таа на сугестивен начин става од парфем со името „Фашизам“ на себе. Односно оваа реклама ги изсмејуваше нејзините критичари кои сметаа дека таа на недемократски начин сака да ја намали моќта на судовите и да даде повеќе сила на законодавниот дел од власта. На крајот на видеото, Шекед кажува пред камера додека се прска со парфемот „Фашизам“: „За мене, мириса на демократија“. Многумина ја критикуваа оваа реклама, велејќи дека министерката едноставно промовира фашизам.

Исто така премиерот Бенјамин Нетенјаху има добиено многу сериозни кривични пријави за корупција за обвиненија како поткуп, измама и нарушување на довербата. Возможно е дури и израелскиот премиер да заврши во затвор.

Земајќи ги во предвид сите овие фактори, Израел, но и палестинските територии како Газа и Западниот Брег, се соочени со голема неизвесност во моментов. Повеќе ќе биде јасно за политичката иднина во Израел (и Палестина) подоцна оваа недела.

 

Елена Гаговска

Ајелет Шакед Бенјамин Нетенјаху Израел Нафтали Бенет Палестина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.