НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пресуда на Судот на правдата на ЕУ: Привремено вратен имунитетот на каталонските сепаратисти

0
By Sashko on June 3, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот суд на правдата времено ја суспендира одлуката на Европскиот парламент за одземање на имунитетот на каталонските сепаратисти кои се пратеници во тоа тело. Благодарение на таквата пресуда, поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и двајца негови соработника повторно се стекнаа со имунитет, но привремено.

– Денеска сме поблиску до тоа да ги слушнеме конечните аргументи кои велат дека сме во право, ја коментираше Пуџдемон судската одлука.

Тој и неговите двајца соработника поднесоа жалба до Судот на правдата на ЕУ, откако европартениците, на барање од Шпанија, во март гласаа да им биде укинат имунитетот.

Пуџдемон, поранешниот каталонски министер за здравство Тони Комин и поранешната министерка за образование Клара Понсати нагласија дека стравуваат од апсење, врз основа на барањето на Шпанија да бидат екстрадирани. Судот објави дека донел одлука за да има доволно време за детално разгледување на нивниот случај, без да соопшти дали се согласува со аргументите на тројцата пратеници.

Тројката побегна од Шпанија во 2017 година, откако каталонските власти, предводени од Пуџдемон, не успеаја да издејствуваат независност на Каталонија. Тие обезбедија мандат на европратеници на изборите во 2019 година, како кандидати на каталонските сепаратистички партии.

На нив им се заканува апсење во Шпанија, каде 12 нивни соборци се осудени на затворски казни поради поттикнување бунт и злоупотреба на јавните средства.

имунитет Свет сепаратисти Суд на правда Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.