Министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со премиерот Зоран Заев е во работна посета на Турција, доцна синоќа на својот ФБ профил објави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рекол дека неговата земја ќе ни донира 30.000 вакцини од кинески „Синовак“.
– Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји, напиша на ФБ, министерот за здравство Филипче, заблагодарувајќи се на турскиот народ и на претседателот Ердоган.