Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР: 30 признанија за истакнати странски личности за 30 години независност

0
By Sashko on June 6, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 6, 2021 15:32

По повод јубилејот – 30 години од независноста на Република С. Македонија, министерот за надворешни работи Бујар Османи донесе одлука оваа година да врачи признанија на 30 странски државјани, високи функционери од ЕУ и на НАТО, државници, дипломати и познавачи на нашата држава и регионот.

Со овој чин, информираат од МНР, придаваме симболично признание за оставениот белег во консолидација на нашата самостојност, поддршката и помошта во заокружување на евроатлантската перспектива, како и зацврстувањето на мултиетничката, мултикултурна и мултиконфесионална кохезија на нашата држава и општество.

– Триесет години подоцна, Република Северна Македонија има предвидлива иднина, како земја членка на клучните западни механизми на интеграција, но и предвидлива политичка и економска стабилност. Најголемата заслуга за тоа е секако на сопствените граѓани, но поддршката од пријателите низ светот има исто така огромна важност во остварувањето на овие амбиции, посочуваат од Министерството.

Вреднувајќи го нивниот особен придонес низ призмата на многу настани и процеси, велат од МНР, кои претставуваат важни моменти на нашето блиско минато, развојот и активното вклучување како модерна и просперитетна членка на меѓународната заедница, како и исклучителните залагања за надминување на пречките кон зацртаните цели од значење за нашата надворешна политика, а со тоа и севкупниот општествено-економски развој, изразуваме признание за нивниот придонес во развојот на земјава на следните личности:

Роберт Бадинтер, претседател на Арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија

Лоренс Батлер, амбасадор на САД (2002-2005)

Ерхард Бусек, специјален координатор на Пактот за стабилност  за Југоисточна Европа (2002-2008)

Макс ван дер Штул, висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ (1993-2001) – постхумно

Сер Барни Вајт Спунгер, британски генерал и командант на НАТО во нашата земја (2001 година) и член на Охридската група

Жељу Желев, претседател на Република Бугарија (1990-1997) – постхумно

Клаус Кинкел, министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија (1992-1998) – постхумно

Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Хеленска Република (2015-2018)

Ален ле Роа, специјален претставник на ЕУ (2001-2002) и член на Охридската група

Штефан Лене, директор на директоратот за Балкан, Источна Европа и Централна Азија во Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ (2002-2008)

Ана Линд, министер за надворешни работи на Шведска и претседавач со Советот на ЕУ (2001) – постхумно

Тадеуш Мазовјецки, специјален известувач на Комисијата за човекови права на ООН – постхумно

Џон Мекејн, американски сенатор -постхумно

Метју Нимиц, личен претставник на Генералниот секретар на ООН (1999-2019)

Лорд Патен, европски комесар за надворешни работи (1999-2004)

Џејмс Пердју, претставник на САД во нашата земја (2001) – постхумно

Рајнхард Прибе, директор за Западен Балкан во Генералниот секретаријат за надворешни работи (2001-2004) и за проширување (2005-2006)  на ЕУ

Романо Проди, поранешен премиер на Италија и претседател на Европската комисија (1999-2004)

Кондолиза Рајс, државен секретар на САД (2005-2009)

Оли Рен, европски комесар за проширување (2004-2010)

Лорд Робертсон, генерален секретар на НАТО (1999-2004) и претседавач на Охридската група

Даниел Сервер, универзитетски професор

Дејвид Слин, поранешен британски дипломат

Хавиер Солана, висок претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика (1999-2009) и член на Охридската група

Жан Франсоа Терал, амбасадор на Француската Република (2000-2003)

Питер Фејт, личен претставник на генералниот секретар на НАТО (2001)

Ерван Фуере, специјален претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на Европската комисија (2005-2011)

Кристофер Хил, амбасадор на САД (1996-1999)

Ричард Холбрук, помошник Државен секретар на САД за европски и канадски прашања (1994-1996)- постхумно

Хикмет Четин, министер за надворешни работи на Република Турција (1991-1994)

Ханс Лотар Штепан, историчар и амбасадор на Сојузна Република Германија (1993-1997) – постхумно.

Јубилеј Македонија МНР независност признанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.