НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пад на ковид бројките во земјава: Прв случај на индиски сој во Македонија

0
By Sashko on June 8, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжува да паѓа бројот на новозаболени и починати од ковид-19 во Македонија. Во текот на вчерашниот ден беше регистриран само еден нов случај на заболен, поточно од Куманово. Минатата недела во државата беше детектиран и „индиски“ сој на вирусот, и тоа кај еден пациент во приватна болница, кој претходно бил во Ирак.

Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно десет дена бил болен и хоспитализиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Надлежните соопштија дека состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.

Според извештајот на Министерството за здравство (МЗ), вчера беа направени 1.375 тестирања, а регистриран е еден нов случај на ковид-19 од Куманово. Вкупно се регистрирани 204 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени 815.893 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.418. Оздравени пациенти се 149.496, а починале вкупно 5.458. Бројот на активни случаи изнесува 464.

Во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 126 ковид пациенти и има околу 500 слободни кревети во ковид центрите.

Што се однесува до главниот град, таму вчера беа хоспитализирани двајца нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град, а во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 75 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

– Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало еден примен пациенти и еден нови заболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент, се наведува во извештајот на Министерството за здравство.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 31 мај до 6 јуни се тестирани вкупно 19.672 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 9,1 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5 отсто во однос на минатата недела.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Вакцинацијата против ковид-19 во државава започна на 17 февруари. Заклучно со 6 јуни се аплицирани 60.526 дози на „Фајзер/Бионтек“ (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза), 45.168 дози на „Спутник В“ (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза), 32.875 дози на „АстраЗенека“ (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и  251.705 дози „Синофарм“ (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).До завчера во државава  вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.

Во меѓувреме, македонските граѓани одат да се вакцинираат и во соседна Србија. Во Врање досега се вакцинирани вкупно 2.032 Македонци, а без закажување е можно вакцинирање и во Ниш и Нови Сад.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според последните податоци на Градскиот штаб за вонредни состојби во Врање за време на викендот вакцинирани се 927 граѓани на Република Северна Македонија.

Од ПР службата на Здравствениот дом во Врање соопштија дека досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 граѓани на Северна Македонија.

Македонските државјани можат да се вакцинираат и на главниот пункт за вакцинација во Врање, во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци.

Од Здравствениот дом во Ниш за МИА изјавија дека и во овој град македонските државјани можат да се вакцинираат без закажување преку е-Управа.Покрај граѓаните на Србија, македонските граѓани и граѓаните на БиХ, можат да се вакцинираат и во Нови Сад без покана од е-управа. Достапни се вакцините на Синофарм, АстраЗенека и Фајзер, додека „Спутник В“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е- Управа.

биланс вакцини индиски сој Ковид-19 Македонија МЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

ВЕСТИ August 4, 2025

Кошаркарскиот натпревар помеѓу македонската и романската репрезентација кој се одигра завчера во Киманово стана уште…

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.