Договорот од Преспа го промени лицето на Балканот, како динамичен регион кој низ историјата знаел да гради и ѕидови помеѓу народите, напиша премиерот на својот фејсбук-профил.
Тој потенцира дека со пресвртот на водење на С. Македонија е започнато ново поглавје, со кое „на Европа и на светот им дадовме еден поинаков Балкан, Балкан кој гради мостови“.
– Договорот од Преспа значи почеток на ново поглавје со кој на светот му покажавме еден поинаков Балкан. Јасната политичка визија е можна кога за тоа има силна волја и сигурен поглед кон иднината. #PrespaForumDialogue кој ќе се одржи на 1 и 2 јули во Северна Македонија е уште еден чекор за што повеќе изградени балкански мостови, напиша Заев.