Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Денес стоиме рамо до рамо со нашите сојузници

0
By Ivana on June 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 14, 2021 18:11

Првиот НАТО Самит со 30 земји – членки денеска е историски момент за Северна Македонија. Ова ни е прв самит на НАТО како полноправна членка. Ова е голем успех за нашата држава и голем успех за НАТО. Денес стоиме рамо до рамо со нашите сојузници и сведочиме за потврдата на единството, кохезијата и солидарноста на Алијансата. Трансатлантското партнерство е силно како никогаш порано, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска заедно со лидерите на земјите – членки на НАТО, учествуваше на пленарната седница на Северноатлантскиот совет.

-Пред нашите НАТО-сојузници истакнавме дека Северна Македонија е посветена на визијата за Балканот во 21 век како регион на мир и стабилност. Посветени сме да изградиме нов Балкан со зајакната регионална соработка. Затоа, силно веруваме дека е потребно сите земји од Западен Балкан да имаат кристално јасна европска и евроатлантска перспектива. Потребни се предвидливи, кредибилни и засилени процеси на интеграција за да нема безбедносен вакуум на Балканот, рече Заев.

Премиерот му се заблагодари на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на неговото водство во креирањето на НАТО 2030 Агендата во соработка со НАТО-сојузниците, како и за широките и инклузивни консултации со многу засегнати страни во тој процес.

-Агендата 2030 навремено ги адресира промените во стратешкото опкружување и го прави НАТО за 21 век. Ние се соочуваме со закани и предизвици од системски авторитарен натпревар за нашата Алијанса. Треба да сториме повеќе и ќе сториме повеќе за да ги поддржиме заедничките демократски вредности и да го заштитиме меѓународниот поредок заснован на правила, истакна Заев

На самитот, потеницира тој, потврдивме дека ќе ги зголемиме политичките консултации и координација меѓу сојузниците.

-НАТО е неопходен за нашата колективна безбедност. Алијансата е суштински трансатлантски форум за консултации за сите прашања поврзани со безбедноста и за освојување на заеднички одговори за сите предизвици. Воедно се согласивме дека ќе ја продлабочиме соработката со нашите партнери со кои сме истомисленици, со кои споделуваме исти вредности и со кои имаме заеднички интереси. Во прв ред, тоа е продлабочувањето на соработката помеѓу НАТО и ЕУ, но и други наши сегашни и идни партнери, рече премиерот Заев.

Изрази задоволство што сојузниците преку Агендата 2030 повторно ги потврдија основните принципи на Алијансата и што заедно се согласиле да ги поддржат тие принципи со политички активности и конкретни активности и алатки.

-Во иднина ние сакаме да го видиме НАТО со поширока политичка димензија и функција. Тоа ќе ни овозможи да ги унапредиме политиките во широк спектар на области и да се прилагодиме на новите предизвици со кои ќе ја зајакне политичката кохезија во НАТО. Денес по успешниот самит на НАТО испраќаме силна порака. Ние сме НАТО и заедно сме посилни, рече Заев по состанокот.

Лидерите на земјите – членки на НАТО, кои заедно со Заев учествуваа на централниот работен дел на годинашниот Самит на Алијансата се согласија дека тој се одржува во клучен момент за Алијансата и за нејзината колективна безбедност, соопшти претходно владината прес-служба.

-Во ерата на новите поместувања на глобалната безбедносна сцена НАТО ги засилува позициите наспроти предизвиците за заедничко да донесување одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО и неговата клучна улога во иднина. Лидерите на НАТО и на земјите – членки се едногласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици, и дека трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации членки на Алијансата безбедни. На НАТО Самитот 2021 е споделена оценката дека пред нејзините членки е историската можност да се зајакне врската меѓу Европа и Северна Америка и НАТО да се подготви за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на Алијансата е во срцето на Самитот, се нагласува во соопштението.

Алијанса ЕУ Заев земји НАТО Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.